Последниот Демократ што го поддржа господинот Дин е поранешниот сенатор од Илиноис, Керол Мосли-Браун. Таа се откажа од трката за Белата куќа и ги повика нејзините симпатизери во Ајова да го поддржат поранешниот гувернер на Вермонт Дин за време на гласањето на кокус-групите во Ајова.
„Тој може, како што велат, добро да соработува со светот и да создаде надворешна политика која не е ниту арогантна ниту превентивна, туку таа започнува со почитување и градење на алијанса“, вели Мосли-Браун.
Господинот Дин се заблагодари на најновата поддршка и истакна дека Керол-Мосли Браун претставува пример за жените и за идните претседателски кандидати од малцинствата во САД.
Госпоѓата Мосли-Браун освен што имаше еден мандат во американскиот Сенат, од поранешниот претседател Бил Клинтон беше назначена и за американски амбасадор во Нов Зеланд. Но, таа немаше голем успех на оваа претседателската кампања, како во истражувањата на јавно мислење, така и во собирањето на средства. Таа беше единствената жена во трката за добивање на номинација за претседателски кандидат од Демократската партија, со што активиститот за граѓански прва Ал Шарптон останува едениствениот Афро-Американски кандидат меѓу останатитие седуммина.
Во меѓувреме, кандидатие, Џон Кери, сенаторот од Масачусетс и Џон Едвардс, сенаторот од Северна Каролина, имаа зголемена поддршка во Ајова и се приближија на врвот каде се наоѓаат Хауард Дин и конгресменот од Мисури, Дик Гепхард.
Сенаторот Кери верува дека има напредок во Ајова, но тој е претпазлив кога се работи за толкување на анкетите.
„Постојано велев дека секогаш сум внимателен кога станува збор за испитувањата на јавното мислење, без оглед на тоа дали во нив сум горе или долу. Јас едноставно, само продолжувам напорно да работам“, вели Кери.
Работата на претседателските интересни или кокус-групи во Ајова формално ќе започне со процесот на избирање на делегати кои ќе одлучат кој ќе биде номиниран меѓу осумтемина кандидати за претседател од Демократската партија. Оние кои ќе имаат силни резултати на предизборите во Ајова и во Њу Хемшир, обично се во предност во битката за добивање на номинацијата во партијата.