Линкови за пристапност

Керол Мосли-Браун една од претседателските кандидати од Демократската партија се повлече од трката за Белата куќа - 2004-01-15


Пет дена пред партиските избори во Ајова, Керол Мосли Браун, поранешниот сенатор на Илиноис, се откажа од трката за претседател. Во едно средно училиште во Ајова, западно од Де Моин, поранешниот сенатор кажа дека во нејзината кампања имало хроничен недостаток на пари. Но таа изрази надеж дека нејзините напори ќе им отворат врати на други жени и припадници на малцинства да се кандидираат.

Поранешниот американски амбасадор во Нов Зеланд, госпоѓа Мосли-Браун, му ја даде својата поддршка на поранешниот гувернер на Вермонт Хауард Дин, еден од осумтемина кандидати на Демократската партија кои остануваат во трката.

„Гувернерот Дин е најдобро подготвениот кандидат да ги обедини Американците, да ја обнови земјата и да ја обнови нашата приватност, нашата слобода и економска сигурност“, истакна госпоѓа Мосли-Барун.

Таа беше првата црна жена во земјата што беше избрана за Сенатот и една од двајцата Афро-Американци кои годинава се натпреваруваа за претседателска номинација од Демократскта партија. Според истражувањата на јавното мислење госпоѓа Мосли Браун постојано имаше минимална поддршка меѓу гласачите на Демократската партија.

XS
SM
MD
LG