Линкови за пристапност

Секретарот Пауел за напредокот во војната против тероризмот - 2004-01-13


Со започнувањето на 2004 година, САД остануваат определени за проширување на мирот, слободата и отвореноста и создавање благосостојба и можност за просперитет ширум светот. Американскиот државен секретар Колин Пауел вели дека има напредок во „глобалната војна против тероризмот“.

„Сведоци сме на поголема соработка меѓу државите во светот. Но предизвикот што стои пред нас е тежок и долготраен. Како што кажа претседателот уште од самиот почеток, по 11 септември, тоа долго ќе трае. Ќе бидат вложени нашите најголеми напори и тоа ќе бара заедничка работа со сите наши пријатели и партнери“, рече тој.

Во 2003, со помош на коалицијата предводена од САД, беше направен напредок во Авганистан и Ирак. Овој месец во Авганистан, Лоја Џирга или Националниот Совет го одобри уставот на авганистанскиот народ, со кој се поставува основа за одржување избори кон крајот на 2004-та.

Г-динот Пауел вели дека САД „ ќе останат на овој курс во Авганистан “.

„Ние ќе соработуваме со нашите пријатели. Му благодариме на НАТО за преземањето на новата мисија во Авганистан, што претставува уникатна мисија за НАТО. Во Ирак, предизвикот е јасен. Ние многу тесно соработуваме со Владејачкиот совет. Имаме добар план, планот од 15 ноември кој ќе резултира со формирање на транзициона извршна власт, како и на транзиционо собрание, до средината на оваа година“, истакна г-динот Пауел.

Г-динот Пауел вели дека САД се определени за Блискоисточната партнерска иницијатива „за поттикнување на политичките, економските и образовните реформи во регионот“. На американскиот континент, САД соработуваат со членките на Организацијата на американските држави и преку Интер-американскиот комитет против тероризмот, за зголемување на соработката за борба против тероризмот, за зајкнување на граничната и финансиската контрола и за одговор на заканите по аеродромите, пристаништата и кибернетската безбедност. САД, вели г-динот Пауел, исто така работат на „создавање на слободна Куба и за демократски реформи во другите земји на чии народи им недостасува слобода“.

XS
SM
MD
LG