Линкови за пристапност

Џорџ Сорос: Доктрината на Буш е исчекор од традиционалната американска надворешна политика - 2004-01-13


Богатиот финансиер и филантроп Џорџ Сорос упати остра критика на надворешната политика на претседателот Буш и рече дека би бил мошне задоволен доколку Буш биде поразен на претседателските избори во ноември. Ставовите на г-динот Сорос се содржани во неговата книга „Искра на американската превласт: Корегирање на злоупотребата на американската моќ“.

73-годишниот Американец со унгарско потекло вели дека иднината на светот зависи од претстојните претседателски избори. Зборувајќи во организацијата Карнеги во Вашингтон, г-динот Сорот кажа дека изборите се референдум на, како што рече, доктрината на Буш, надворешна политика во која САД се секогаш доминантната страна.

„Прво, САД нема да толерираат ниту еден ривал, глобално или во кој и да е регион во светот. Второ, според доктрината, САД имаат право да се ангажираат во превентивна воена акција“, рече г-динот Сорос.

Г-динот Сорос вели дека доктрината на Буш е исчекор од традиционалната американска надворешна политика која ја истакнува улогата на меѓународната соработка. Инвазијата на Ирак, вели тој, е огромна грешка со која се комплицираат напорите за изграбна на демократија на Блискиот Исток.

„Мошне едноставно, доктрината на Буш не прави помалку, а не повеќе безбедни и не прави помалку способни да промовираме слободни и отворени општества ширум светот“, додаде тој.

Администрацијата на претседателот Буш ја брани инвазијата на Ирак, стоејќи на ставот дека и САД и ирачките соседи се навистина побезбедни, сега, кога Садам Хусеин не е повеќе на власт.

Г-динот Сорос не е против употреба на сила и ги поддржа претходните воени акции во Босна и на Косово. Меѓутоа тој вели дека г-динот Буш ги искористил терористичките напади од 11-ти септември 2001-та, како изговор да го симне режимот на Садам Хусеин.

Доколку г-динот Буш победи на изборите, вели Сорос, на САД и натаму ќе се гледа со непријателство од многу држави и терористите ќе бидат симпатизирани. „Но, доколку не го избереме за претседател, можеме да ја избришеме доктрината на Буш како привремено отстапување и да продолжиме да бидеме мирољубива земја“, истакна г-динот Сорос.

Администрацијата на претседателот Буш ги отфрла обвинувањата дека презела унилатерална акција во Ирак, велејќи дека преку 30 земји земале учество во операцијата под американско водство.

Г-динот Сорос чие богатство е вредно неколку милијарди долари, активно ги поддржува конкурентите на г-динот Буш од редовите на Демократската партија. Тој вели дека не преферира ниеден од тројцата фаворити од Демократската партија, Хауард Дин, Џон Кери и Весли Кларк, велејќи дека секој од нив може да го порази г-динот Буш во ноември.

XS
SM
MD
LG