Линкови за пристапност

Профили на претседателските кандидати: Џон Едвардс - 2004-01-12


На телевизија, 50-годишниот Џон Едвардс изгледа помлад. Првиот впечаток и позата на аутсајдер се надева дека ќе бидат негова предност.

“Кој е во најдобра позиција да го промени она што се случува во Вашингтон? Луѓето кои таму минуваат многу време? Луѓето кои поголем дел од животот го минале во политика или некој што доаѓа од надвор, некој што против таквите се бори цел живот? Тоа сум јас, и затоа луѓето треба да гласаат за Џон Едвардс“, вели тој.

Кандидатот Едвардс е прилично нов во Вашингтон. Со изборот за сенатор од Северна Каролина, во 1998 година, тој практично влезе во политиката. го одбележува неговото влегување во политиката. Пред тоа, дваесет години тој работеше какао адвокат, еден од најплатените во земјата, кој добиваше многу битки на суд, застапувајќи обични луѓе кои ги тужеа осигурителните компании и обезбедувачите на медицински услуги.

Но неодамнешната дебата на претседателските кандидати од Демократската партија, сенаторот Едвардс ги обвини токму овие посебни интереси дека ја имаат контролата врз Белата куќа.

Сенаторот Едвардс можеби е неискусен за Вашингтон, но неговите колеги во американскиот Сенат велат дека тој брзо учи и има импресивен здраворазумски пристап.

Во многу од неговите политички спотови се истакнува неговото скромно потекло.

“Пораснав во мал град. Татко ми работеше во воденица. На училиште играв фудбал, одев во оваа црква и пред 30 години на правниот факултет ја сретнав мојата сопруга. Се што сум направил произлегува од вредностите што ги научив во тој мал град“.

На национално ниво, сенаторот Едвардс многу заостанува зад неколку фаворити на Демократската партија. Но тој има шанси на партиските избори во Јужна Каролина во февруари, каде што некои анкети покажуваат дека води пред другите, со околу 16 проценти поддршка.

Професорот на универзитетот Дјук, Џон Олдрич, во родната федерална држава на сенаторот Едвардс, Северна Каролина, вели дека способноста да се поврзе со обичните луѓе може да му помогне.

“Запомнете, тој е роден во Јужна Каролина. Живеел во соседството, во Северна Каролина, а оттаму е многу едноставно да и се обратите на јавноста во држава како Јужна Кролина. Затоа, на крајот, можно е оние кои се нерешително да гласаат за личноста со која најпријатно се чувствуваат“, вели господинот Олдрич.

Професорот Олдрич вели дека недостатокот на политичко искуство за глобални теми, може да е најголемата пречка за сенаторот Едвардс.

“Особено годинава ми изгледа дека тоа неискуство е слабост за него, кога во надворешната политика војните, во Авганистан и Ирак и војната против тероризмот, се во центарот на вниманието’“, смета господинот Олдрич.

Сенаторот Едвардс го поддржа претседателот за војната во Ирак. Но остана на ставот дека САД треба да сторат повеќе за вклучување на ОН и другите сојузници во обновата на Ирак.

Во 2004 година за местото на сенаторот Едвардс во Сенатот исто така ќе бидат распишани избори. Но тој одлучи да не се кандидира повторно за да ја фокусира сета енергија на претседателските избори.

Професорот Олдрич заклучува дека трката на Џон Едвардс за Белата куќа е на се или ништо.

XS
SM
MD
LG