Линкови за пристапност

ЕУ интервенира во политичката криза во Иран - 2004-01-12


За време на посетата на Иран, високиот претставник на Унијата ја критикуваше одлуката на Исламскиот заштитнички совет, на илјадници кандидати да им се забрани учество на следните парламентарни избори во земјата.

Г-динот Солана се заложил за фер избори во Иран. Според него, одлуката да се спречат одредени кандидати да учествуваат на изборите ќе биде тешко да се објасни пред земјите-членки на ЕУ.

Вчера, 12-члениот Совет дисквалификува илјадници од преку осум илјади кандидати кои планирале да се борат за места во законодавниот дом. Меѓу нив се наоѓале многумина реформисти, вклучувајќи и над 80 членови на актуелниот парламент. Еден од нив е брат на реформистичкиот ирански претседател, Мохамед Катами.

Ова тело е верска власт во државата и има широки овластувања, вклучувајќи го и правото на вето на законите одобрени од парламентот и претседателот. Во изминативе неколку години има блокирано неколку реформски иницијативи.

Иранските односи со ЕУ се подобруваа откако во ноември Иран се согласи да дозволи поголеми меѓународни инспекции на неговите нуклеарни објекти.

Посетата на г-динот Солана на Иран има за цел продолжување на европскиот дијалог со оваа земја во однос на човековите права и билатералната трговија, прашања што паднаа во сенка по најновата одлука на Заштитничкиот совет.

Иранскиот министер за надворешни работи, Камал Карази ја споделува загриженоста со високиот претставник на ЕУ Солана, велејќи дека се надева оти проблемот ќе биде решен.

XS
SM
MD
LG