Линкови за пристапност

Американската администрација вели дека изборите во Авганистан може да се спроведат за околу шест месеци - 2004-01-09


Американскиот амбасадор во Авганистан е уверен дека изборите може да се одржат во предвидениот термин.

Залмај Кализад вели дека треба да бидат преземени чекори за забрзување на темпото на регистрирање на гласачите, но додава дека сепак проблемот може да биде решен.

„Во овој момент не мислам дека не е можно изборите да се одржат во јуни годинава“, вели амбасадорот Кализад.

Неговиот коментар уследи по предупредувањето од претставниците на ОН дека терминот за одржување на изборите е загрозен од одложувањето на регистрацијата на гласачите, како резултат на тековните насилства.

На прашањето за предупредувањето, амбасадорот, наместо тоа, се задржа на напредокот постигнат во Авганистан по соборувањето на Талебанскиот режим. Сепак, тој рече дека потребите на авганистанскиот народ се големи.

„Им ја нагласив американската решеност да останеме со нив се додека не застанат на свои нозе. Тоа ќе значи преземање на трајна и значајна обврска од страна на САД и меѓународната заедница за да се доведе Авганистан до тој степен“, вели тој.

Амбасадорот Кализад во средата вечер се врати во Вашингтон откако авганистанското уставно собрание го одобри новиот устав. Белата куќа, која ја пофали работата на собранието следниот ден воспостави конференциска врска за да овозможи тој да разговара со новинарите.

Одговарајќи на прашањата, тој го отфрли тврдењето дека новиот авганистански устав е во корист на Паштуните, кои се најголема етничка заедница во земјата. Тој рече дека во него постои рамнотежа на правата на сите Авганистанци.

„Ние често разговаравме за негативните работи во Авганистан кои ги засегаат другите земји, кои имаат пошироки импликации. Мислам дека ова е позитивен чекор во смисла на приизнавање на правата на малцинствата кои исто така би можеле да имаат позитивни ефекти во однос на другите земји каде имаат малцинства, а каде што нивните права не се земени предвид“ истакнува Кализад.

Тој исто така ја поздрави новата офанзива од страна на Пакистан против осомничените терористи во оддалечена област долж границата со Авганистан. Тој изрази надеж дека ќе биде постигнат успех во фаќањето на високите припадници на Ал Каида и Талебан.

XS
SM
MD
LG