Линкови за пристапност

Профили на претседателските кандидати: Џо Либерман - 2004-01-08


Г-динот Либерман е единствениот лојален подржувач на војната во Ирак меѓу деветтемина кандидати за претседател од Демократската партија.

“Имавме право да го ослободиме ирачкиот народ од Садам Хусеин и да ја заштитиме Америка и остатокот од светот од неговата агресија“, вели сенаторот Либерман.

Сенаторот Либерман за своите ривали кои не ја поддржаа војната, кажа дека со таа одлука, тие ја покажале слабоста на Демократската партија во однос на националната безбедност.

“Од кажаното, некои од мојата партија испраќаат порака дека не препознаваат праведна војна или поточно, тие не се подготвени да ја употрбат нашата воена моќ за да ја заштитат нашата безбедност во име на слободата“, смета сенаторот Либерман.

Тој особено посочи на поранешниот гувернер на Вермонт, Хауард Дин чиј остри анти-воени ставови му помогнаа да добие огромна поддршка меѓу испитаниците на јавното мислење.

Сенаторот Либерман спори по изјавата на г-динот Дин дека апсењето на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин од страна на американските сили, не го направило светот побезбеден.

“Ми се чини дека без оглед на ставовите на г-динот Дин за тоа дали требаше да појдеме во војна со Ирак или не, а имаше добронамерни ставови и од обете страни кои ги почитувам, не ми е јасно како некој може да каже дека не сме побезбедни со Садам Хусеин во затвор. Тоа е уште една голема разлика меѓу мене и Дин“, кажа сенаторот.

Г-динот Либерман вели дека неговите умерени идеи нудат најголема надеж за пораз на претседателот Буш во ноември. Но според анкетите, тој се на наоѓа на трето или четврто место во државите Ајова и Њу Хемшир, каде ќе се одржат првичните партиски избори.

Критичарите на сенаторот Либерман велат дека тој е премногу конзервативен за бројни прашања, вклучувајќи го и Ирак. Тие подвлекуваат дека тој има критички став по некои прашања од културата и сексуални теми во филмовите и поп-музиката, тој е критички настроен и за дистанцираните членови на забавната индустрија во САД кои се про-Демократи, а е оставена настрана и заедницата за граѓански слободи.

Но, неговите подржувачи велат дека овој имиџ не влијае на длабоката определба на г-динот Либерман за правата на абортус, правата на хомосексуалците и на малцинствата и за животната средина.

Сенаторот од Конетикат е изненаден што поранешниот потпретседател Ал Гор јавно го поддржа Хауард Дин, но вели дека секогаш ќе му биде благодарен на г-динот Гор што го избрал него за потпретседателски кандидат за време на изборите во 2000-та.

60-годишниот Либерман во Сенатот е од 1989-та година и е еден од првите Демократи кои го критикуваа претседателот Клинтон за неговата афера со соработничката во Белата куќа, Моника Левински, што резултираше со импичмент на г-динот Клинтон.

Сенаторот Либерман е Евреин и силен поддржувач на Израел. Сепак тој вложува напори да биде урамнотежен при дискутирањето за блискоисточниот мировен процес, истакнувајќи ја својата поддршка за создавање на палестинска држава.

“Единственото прифатливо решение е мошне јасно, а тоа е решението за создавање на две држави, мирен, слободен Израел кој ќе стои до мирна, слободна и независна Палестина. Тоа ќе се оствари само доколку бидат вмешани САД, а првиот чекор мора да биде ставање крај на теороризмот“, вели сенаторот Либерман.

XS
SM
MD
LG