Линкови за пристапност

Пауел: новите безбедносни мерки на аеродромите ќе бидат поедноставни - 2004-01-08


Г-динот Пауел вели дека новиот безбедносен систем е со цел да ги заштити, а не да им наштети на оние што пристигнуваат во САД, и оти многумина што ја минале оваа процедура немале никакви проблеми и ги разбираат причините за тоа.

Со системот наречен "U-S-VISIT", што се применува од понеделникот, од странците кои влегуваат во САд се бара да бидат фотографирани со дигитална камера и да им бидат земени отисоци од прсти. Податоците за идентификација и информациите од пасошот се внесени во компјутерски систем, каде се наоѓаат листи на осомничени терористи и други криминалци.

Американскиот Оддел за домашна безбедност, кој раководи со системот, вели дека со ова целиот имиграционен процес незначително се оддолжува.

Но системот наиде на критики од странство, а бразилскиот федерален судија нареди реципрочна процедура на скенирање на Американците кои влегуваат во земјата, вклучувајќи и земање на отисоци со мастило, што резултираше со повеќечасовни чекања на аеродромите за американските државјани.

Во разговор со новинарите, г-динот Пауел, кој за ова прашање телефонски разговарал со неговиот бразилски колега Селсо Аморим, рече дека американските безбедносни мерки не се неразумни и генерално наишле на добар прием кај самите патници.

“Неколку отисоци од прсти и фотографија. Луѓето не се задржуваат многу на аеродромите при пристигнувањето. И оние кои досега минале низ процедурата, тоа го сториле без проблеми и разбираат зошто ова го правиме. Ние ова не го правиме за некому да му наштетиме. Ние ова го правиме да ги држиме настрана оние кои не треба да влезат. Дополнително на тоа е да се заштитат сите оние кои патуваат со авиони, и мислам дека луѓето ќе го разберат тоа“, рече американскиот државен секретар.

Г-динот Пауел кажа дека задржувањата на американските аеродроми веројатно ќе се намалат, кога американските дипломатски претставништва ќе ја набават потребната опрема за скенирање на потенцијалните посетители тогаш кога аплицираат за американска виза.

На оваа процедура на земање отисоци и фотографирање се подложени државјаните на 150 земји Посетителите од над 30 земји, кои со САД имаат реципрочни договори за безвизен режим се изземени од оваа процедура, бидејќи нивните податоци од пасошите се скенираат преку компјутер.

САД се жалат дека барањата од бразилска страна се воведени набрзина и се дискриминаторски, бидејќи се однесуваат само на Американците. Официјални лица велат дека некои американски државјани при пристигнувањето во Рио де Жанеиро се соочиле со деветчасовни задржувања на аеродромите.

XS
SM
MD
LG