Линкови за пристапност

Безбедни граници - отворени врати - 2004-01-06


Оваа патничка е една од првите странци кои пристигна во САД и која мина низ новата процедура за влез во земјата воведена од страна на Одделот за домашна безбендост. Отисоците и беа земени со машина без мастило, а беше фотографирана е со дигитална камера. При нејзиното заминување повторно ќе и бидат земени отисоци од прсти.

„Воопшто не се чувствував нелагодно, немам што да кријам.“

Аса Хатчинсон, потсекретар за домашна бебзбедност, вели дека овој процес ќе ја зајакне безбедноста и довербата во американскиот транспортен систем:

„ Уверен сум дека системот што го имплеметираме нема да биде нападен за странците кои доаѓаат во земјата, туку ќе биде едноставен и ќе влее доверба кај нив дека нашиот транспортен систем ќе биде безбеден, и оти со влезот во САД, тие не влегуваат со луѓе кои претставуваат можна опасност.“

Информациите им помагаат на пограничните инспектори да одедат дали на некого ќе му биде дозволен влез во земјата или не.

„Тие биометрички ќе бидат споредувани со отисоците земни при издавањето на виза во амбасадата, ќе бидат проверувани во базата на податоци и доколку нема некаква негативна индикација, тие ќе бидат добредојдени во САД“, вели Хачинсон.

Педесет од над 200 амењрикански конзуларни претставништва каде што се издаваат американски визи веќе го применуваат методот на дигитално земање отисоци, а до октомври 2004 година сите американски амбасади ќе ја воведат оваа процедура. Собраните информации се складираат во база на податоци до која има пристап Одделот за домашна безбедност. Американските претставници тврдат дека процедурата на земање отисоци од прсти ќе го забрза влезот на честите посетители. Според нив, процесот трае само 15 секунди и не е нападен:Следниот пат кога посетителот ќе дојде во САД, ние веднаш ќе го потврдиме неговиот идентитет, тие патувале претходно, ги почитувале условите на визата и нивното патување ќе биде олеснето секогаш кога ќе доаѓаат во САД.

Единствен исклучок од новата безбедносна програма се државјаните од 28 земји, главно од Европа, на кои не им е потребна виза за секоја посета која трае помалку од 90 дена. Но, посетителите од овие земји ќе мора да поседуваат пасош за дигитално читање, со чип кој содржи фотографија и основни податоци. По октомври 2004 година, доколку тие немаат вакви пасоши со биометрички идентификатор, ним исто така ќе им биде потребна виза.

За некоја земја да може да се квалификува за програмата за безвизен режим, треба да бидат исполнети неколку критериуми. Џенис Л. Џакобс, заменик-помошник државен секретар за конзуларни прашања објаснува:

„Стапката на одбиени баратели на виза во земјата мора да биде под одредено ниво, но исто така има и други фактори. Ја имаме предвид граничната безбедност, сигурноста на патните документи издадени во земјата, како се издаваат пасоши, други потребни документи и други работи.“

Новите правила за издавање визи и за влез во земјата исто така ќе се однесуваат и на екипажите на комерцијалните бродови што пристигнуваат во пристаништата во САД.

Американски официјални лица велат дека новите регулативи нема во значителна мерка да го продолжат процесот на издавање визи. Трошоците за зајакнување на безбедноста, сепак, ќе се одразат на зголемување на таксата за издавање виза.

Г-ѓа Џејкобс смета дека и покрај новите правила, законите и критериумите за издавање на визи остануваат исти:Една од главните работи што ги бараме е доказ за постојан престој во земјата на раѓање или некое друго место надвор од САД, во смисла на тоа да може да се покаже дека се вработени, или дека се школуваат, дека имаат семејство, имот – дека имаат некакви врски со место надвор од САД.

Американската влада, оваа политика ја опишува како „безбедни граници, отворени врати“.

„ Ние навистина им даваме подеднаква важност на отворените врати. Ние не сакаме да станеме затворено општество, ние ги прифаќаме легитимните псоетители. Сакаме да дадеме се од себе во процесот на издавање на визи за да ги идентификуваме лицата кои би можеле да претставуваат ризик, кои можеби доаѓаат тука за да нанесат штета, но и да им дозволиме на другите да ги добијат своите визи што е можно побрзо. “ вели Џејкобс.

Американските власти се надеваат дека новата програма ќе овозможи поефикасно откривање на терористите и на нелегалните имигранти.

XS
SM
MD
LG