Линкови за пристапност

вести за 1-5-04 - 2004-01-06


Индија-Пакистан

Нуклеарните соперници Индија и Пакистан се согласија да ги продолжат официјалните разговори за Кашмир и други билатерални прашања следниот месец, по пауза повеќе од две години.

Спогодбата, објавена денеска во заедничко соопштение од Исламабад, уследи по вчерашната средба на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпаји пакистанскиот претседател Первез Мушараф. И двајцата лидери изразија увереност дека новите разговори ќе доведат до мирно решавање на сите прашања, вклучувајќи го и долгогодишното несогласување во врска со Кашмир. Претходните разговори завршија во ќорсокак во јули 2001. Двете страни треба допрва да утврдат каде и кога ќе се одржат новите разговори.

Авганистан

Во бомбашки напад во јужниот авганистански град Кандахар загинале најмалку 13 лица, од кои поголем дел биле деца, и повредени повеќе од десетина други.

Авганистанските претставници велат дека многу жртви биле љубопитни ученици кои се собрале откако едно дете биле повредено од мала експлозија. Втората, смртоносна експлозија се случила само неколку минути подоцна. Бомбашките напади биле во близина на воена база во централен Кандахар, поранешно упориште на соборениот талебански режим. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги осуди нападите велејќи дека тоа ќе ја засили неговата определба во ворбата против тероризмот.

Сирија - Турција

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е на тридневна посета во сеседна Турција, прва ваква посета од сириски шеф на држава.

Посетата на господинот Асад се очекува да помогне да се затоплат односите меѓу двете држави по децении затегнатост во врска со погранични несогласувања, прашања во врска со водата и заради сириското обезбедување на засолниште на турските бунтовнички Курди. Дамаск ги протера курдските бунтовници во 1998.

САД - Либија

Претседателот Буш ги обнови економските санкции спрема Либија, велејќи дека мора да постои доказ за определбата на Триполи да ги уништи програмите за оружје за масовно уништување.

Утре истекува рокот на американските санкции спрема Либија со кои се забранува трговска размена, финансиски трансакции, како и патувања во оваа земја. Вчера, господинот Буш ја поздрави минатомесечната согласност на Либија за елеминирање на своите програми за хемиско и биолошко оружје, но рече дека САД сакаат Триполи да преземе конкретни чекори вооднос на разоружувањето. Во меѓувреме, Пакистан ги порекнува објавените извештаи дека на Либија и ги дал потребните елементи за производство на нуклеарното оружје.

Ирак

Француското министерство за надворешни работи соопшти дека двајца француски државјани кои работеле за американска компанија загинале во Ирак, а еден бил повреден.

Властите во Париз велат дека во нив било пукано кога автомобилот им се расипал на пат во близина на Фалуџа, град западно од Багдад кој беше место на многу напади врз американските сили. Тројцата Французи работеле на проекти на американска фирма за реконструкција на Ирак. Денеска ја заврши обуката вториот батаљон на новоформираната ирачка армија. Единицата од околу 700 припадници е дел од напорите на коалицијата предводена од САД за обука на ирачките сили за преземање на контролата врз безбедноста во земјата.

Безбедност во воздушниот сообраќај

Висок претставник на британската Влада ја бранеше одлуката за поставување на вооружени агенти на некои меѓународни летови за спречување на можни терористички напади.

Британскиот секретар за транспорт, Алистер Дарлинг денеска во парламентот изјави дека овој чекор е “одговорен и мудар“. Британија минатата недела објави дека ќе почне да поставува вооружени агенти на некои летови преку Атлантикот, неколку дека откако тоа го побараа САД. Неколку други земји го одбија американското барање. Властите во Шведска, Данска, Португалија и Јужна Африка велат дека нема да дозволат оружје во авионите и повеќе сакаат да ги одложат летовите доколку се зголеми заканата од тероризам.

Папата испрати честитки за Божиќ

Папата Јован Павле Втори повторно апелираше до светските лидери да работат на мирот.

Во неговото обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар, папата зборуваше за патувањето на еден од неговите претходници, Папата Јован Павле Шести, пред неколку децении во Светата земја, што била прва папска посета. Папата Јован Павле кажа дека за време на тоа патување, Павле Шести побарал од светските лидери повеќе да соработуваат за да воспостават вистински мир, правда, слобода и братска љубов на Блискиот Исток. Папата Јован Павле им го честиташе Божиќ на православните христијани, кои го прославуваат денеска, според јулијанскиот календар.

XS
SM
MD
LG