Линкови за пристапност

Започна примената на новата американска програма за поголема гранична безбедност - 2004-01-05


Новите безбедносни мерки ќе важат за 115 аеродроми во САД на кои пристигнуваат патници од странство, како и за 14 американски пристаништа.

Американскиот секретар за домашна безбедност, Том Риџ вели дека процедурата не е нападна и веројатно ќе бидат потребни само околу 15 секунди за да се изврши.

„Процедурата е дел од една поширока програма со цел да се гарантира оти нашите граници и натаму се отворени за посетителите, но затворени за терористите“,рече секретарот Риџ.

Надлежните гранични дигитално ќе го извршуваат земањето на отисоци и фотографирањето, а добиените податоците потоа ќе се проверуваат дали се совпаѓаат со информацијата за лицата во американските конзулати во странство, каде се издадени визите. Исклучок ќе бидат само граѓаните од 28 земји, претежно од Европа, за кои не е потребна виза за влез во САД.

Критичарите велат дека програмата може да се покаже како неефикасна, доколку потенцијалниот терорист никогаш официјално не бил фотографиран или не му биле земени отисоци од прстите.

XS
SM
MD
LG