Линкови за пристапност

Непочитување на правото на верска слобода во Саудиска Арабија - 2004-01-05


Правата на верско изразување на луѓето може да им се негираат на повеќе начини. Еден од нив е владата да фаворизира доминантна вера и да ги потиснува другите. Меѓу земјите каде ова се случува, вели Џон Ханфорд, американски амбасадор за меѓународни верски слободи, се наоѓаат Саудиска Арабија, Судан и Иран.

Во Саудиска Арабија, според најновиот извештај за состојбата со верската слобода во светот на американскиот Стејт Департмент, „Исламот е официјална религија и со закон се предвидува сите граѓани да бидат муслимани. Владата забранува јавно практикување на немуслиманските религии. Саудиската влада го признава правото на приватна молитва на оние кои не се муслимани, но сепак, не секогаш во пракса го почитува тоа право и тоа не е дефинирано во законите“.

Освен што во Саудсика Арабија постои забрана за јавно верско изразување на христијаните, евреите, хиндусите, будистите и припадниците на другите немуслимански религии, како што истакнува амбасадорот Ханфорд, „постои и дискриминација против Шиитите, муслиманите-исмаили и другите муслимани кои не се припадници на официјалната гранка на исламот на која и припаѓа саудиската влада“.

Во согласност со американските закони, владата на САД означи неколку „земји кои предизвикуваат особена загриженост“, во однос на негирањето на верската слобода. На листата од минатата година се наоѓаат Кина, Бурма, Иран, Северна Кореја, Судан, како и Ирак, за време на владеењето на Садам Хусеин. Амбасадорот Ханфорд вели дека американските претставници ја разгледуваат можноста за додавање на Саудиска Арабија на оваа листа.

„Саудиска Арабија е блиску до прагот. Во однос на ограничувањето на верската слобода, има само неколку земји кои се порестриктивни во врска со нивните закони. Други земји, пак, се многу посурови во начините на кои ги манифестираат нивните закони, во однос на апсење, тортура и убиства. Владата на Саудиска Арабија започна со имплементирање на некои мерки за да се справи со овој проблем, и ние ќе започнеме со проценка на досега стореното пред да донесеме официјална одлука“, вели тој.

Се разбира дека идејата не е само земјите да се стават на листата, туку да се поттикнат да ја почитуваат верската слобода. Како што се наведува во Универзалната декларација за човекови права „секој има право... јавно и приватно да ја манифестира својата вера преку верско предавање, верска пракса, молитви и одбележување на верските празници“. На народот во Саудиска Арабија, ништо помалку од другите народи во светот - треба да му се дозволи слободно да ја практикува својата вера.

XS
SM
MD
LG