Линкови за пристапност

Војната против тероризмот во 2003 година - 2003-12-31


Имаше многу успеси во војната против меѓународниот тероризам по нападите врз САД на 11 септември 2001-ва.

Растурени се терористички ќелии во Хамбург, Милано, Сингапур,. Мадрид, Лондон, Париз и многу други градови. Замрзнати се стотици милиони долари терористички средства. Разбиени се најистурените терористички организации. Притворени се преку три илјади лица поврзани со Ал-Каида во над стотина земји. Пакистан уапси над петстотина лица осомничени дека се оперативци на Талебан и Ал-Каида. Малезија, Индонезија и Филипините уапсија десетици терористички чидери поврзани со Ал-Каида.

Најголемото достигнување во војната против тероризмот годинава беше поразувањето на режимот на Садам Хусеин во Ирак – режим кој пружал заштита и давал поддршка на терористите. Во секој случај, војната против тероризмот продолжува во Ирак. Претседателот Џорџ В. Буш вели дека по ослободувањето, Ирак станал магнет за домашни и странски терористи.

„Ал Каида и другите глобални терористички мрежи признаваат дека поразот на режимот на Садам Хусеин е пораз за нив. Тие знаат дека демократски Ирак во срцето на Блискиот Исток ќе биде натамошен пораз на нивната идеологија на терор. Слободата е закана за нивниот начин на живот“, рече тој.

Ал Каида беше сериозно повредена со војната против тероризмот. Речиси сите терористи на Ал Каида директно инволвирани во терористичките напади од 11 септември сега се во затвор или потврдени за мртви. 65 проценти од високото раководство на Ал каида е или уапсено или убиено.

Но, како што вели претседателот Буш, последните настани, вклучувајќи го обидот за убиство на пакистанскиот претседател Первез Мушараф покажуваат дека не смее да се попушти во борбата против тероризмот.

"Непријателите на слободата се будни, но и ние сме. Оваа земја нема да се опушти. Нема да се умориме. Нема да запреме, се додека опасноста за цивилизацијата не е отстранета", порача американскиот претседател.

Господинот Буш рече, "Цивилизираните нации ќе ја продолжат војната против терористите каде и да се собираат, каде и да планираат и каде и да дејствуваат".

XS
SM
MD
LG