Линкови за пристапност

Писма-бомби во Италија - 2003-12-31


Досега никој не е повреден од писмата бомби, но тие ги оживејаа спомените во Европа на деновите пред нападите во САД на 11 септември 2001 година, кога постоеше поголем страв од политичките радикали отколку од исламските милитанти.

Властите веруваат дека сите бомби биле испратени од Болоња. Главниот градски обвинител денеска издаде наредба за блокирање на испораката на сите поштенски пратки од Болоња адресирани до канцелариите на ЕУ.

Еден пратка - бомба била пресретнат вчера во Хаг во Еуроџаст, европска агенција за борба против криминалот. Во понеделникот беа откриени две писма – бомби, едното адресирано до претседателот на Европската централна банка во Франкфурт, а другото до директорот на Европската полиција, Еуропол.

Како резултат на појавата на писма-бомби, во канцелариите на ЕУ се зајакнати мерките на безбедност.

Минатата сабота во Болоња, претседателот на Европската комисија, Романо Проди отворил пакет-бомба, но тој не експлодирал, туку само се запалил, и тој мина неповреден.

Неколку дена пред да биде испратена пратката на адреса на господинот Проди, една италијанската група, која себеси се нарекува Неформална анархистичка федерација, се закани со кампања против, како што го нарекува, новиот европски поредок. Групата исто така презеде одговорност за поставување двете направи кои експлодираа пред домот на господинот Проди на 21 декември, што предивикаа само помал пожар.

Главниот обвинител на Болоња изјави дека е убеден оти писмата - бомби се дело на анархистите кои се против секаква форма на централизирана власт, во случајов против европската влада.

Портпаролот на полицијата во Болоња кажа дека истрагата претпоставува дека една иста анархистичка група од Италија е одговорна за сите напади. Тој рече дека италијанската полиција ги координира истрагите со полициските сили во другите европски земји.

XS
SM
MD
LG