Линкови за пристапност

Победа на радикалите на изборите во Србија - 2003-12-29


Прелиминарните изборни резултати од Центарот за слободни избори и демократија покажуваат дека еден на четворица Срби гласал за Српската радикална партија која е тесно поврзана со соборениот претседател Слободан Милошевиќ.

Како и господинот Милошевиќ, главниот кандидат на Српската радикална партија Воисклав Шешељ е во затвор во Хаг во очекување на судењето по обвиненија за воени злосторства.

Трите главни демократски партии би можеле да ги пополнат најголемиот дел места во 250-члениот парламент доколку ги надминат меѓусебните политички несогласувања.

Претседателот на про-западната партија Г-17-Плус, Мирољуб Лабус, сугерираше дека обединувањето ќе биде важно ако се сака да се задржат националистите надвор од власта.

“Јас очекувам не само да ги победиме Радикалите, туку и да создадеме стабилна, демократска влада“, кажа господинот Лабус.

Силната поддршка во јавноста на Српската радикална партија и Социјалистичката партија на господинот Слободан Милошевиќ ги загрижи западните дипломати кои велат дека тоа може да го дестабилизира целиот балкански регион.

Радикалите се залагаа за Голема Србија со проширување на границите на републиката за сметка на соседите како и за прекинување на дипломатските врски со Хрватска, српскиот непријател од времето на војната.

Постои страв дека ова може да биде обновување на тензиите од времето на балканските војни во 1990-те во кои загинаа четвртина милион луѓе.

Српската радикална партија вети дека нема да ги екстрадира осомничените за воени злосторства, лидерот на босанските срби Радован Караџиќ и неговиот командант на армијата од војната Ратко Младиќ, кој се поврзува со еден од најужасните масакри во Европа по завршувањето на Втората светска војна, во Сребреница, каде во 1995 година се убиени околу осум илјади Муслимани.

XS
SM
MD
LG