Линкови за пристапност

Поп музиката во 2003 година ја одбележаа скандали  - 2003-12-26


2003-та започна со вознемирувачки вести за музичката ѕвезда за која тоа најмалку се очекуваше. Пит Таунсенд од групата The Who, кој важи за една од најпочитуваните легенди на рок-музиката, во јануари беше уапсен за купување материјал со детска порнографија преку Интернет. Тој тврдеше дека истражувал за својата биографија, тврдејќи дека тој самиот бил сексуално малтретиран како дете. Властите не покренаа обвиненија против Таунсенд, но неговото име влезе во британскиот регистер на сторители на криминал поврзан со секс, каде и ќе остане во следните пет години.

Вообичаено, февруари носи затишје, бидејќи тоа е период кога се доделуваат најзначајните награди во американската музичка индустрија-Греми. Поп-џез пијанистката Нора Џонс доминираше на церемонијата што се одржа на 23 февруари, освојувајќи 8 награди, меѓу кои и за албум на годината за "Don't Know Why."

Враќањето во суровата реалност повторно се случи на 5 февруари, кога легендарниот музички продуцент Фил Спектор беше уапсен, а потоа и обвинет за убиство на актерката Лана Кларксон, чие тело беше пронајдено во неговиот дом во предградието на Лос Анѓелес. Фил Спектор се изјасни дека не е виновен по обвиненијата, а првото рочиште е закажано за 23 јануари следната година.

Музичките обожаватели во 2003 година останаа беа неколкумина големи имиња, но се уште се присутни надежите дека најмалку едно од нив еден ден повторно ќе настапува. Ритам и блуз ѕвездата Лутер Вандрос на 16 април, четири дена пред неговиот 52 роденден, доживеа мозочен удар. По бесвесната состојба во првите денови и компликацџиите од пневмонија, Лутер од неодамна покажува знаци на опоравување и се надева дека ќе може да присуствува на доделувањето на Греми наградите на 8 февруари. Тој е номиниран во пет категории, меѓу кои и во Песна на годината, за "Dance With My Father."

Во септември, според многумина, се случи најголемата загуба во музичкиот свет во 2003 година. На 71 година од животот, како последица на компликации од шеќерна болест, почина Џони Кеш, кој успешно се снаоѓаше и во кантри и во рокенрол водите.

Две недели пред неговата смрт, Џони Кеш беше номиниран во шест категории за Музичките видоа награди на Ем Ти Ви, за неговиот прв видео-клип во изминатите девет години за песната "Hurt“.

Годинава завршува многу слично - како што и започна со скандал за една суперѕвезда. На 18 декември, властите во областа Санта Барбара во калифорнија поднесоа обвиненија против Мајкл Џексон за сексуална злоупотреба на дете. Овие обвиненија го вратија сеќавањето на случајот против Џексон за сексуална злоупотреба на малолетник во 1993 година, кој поп-ѕвездата го реши со непосредна спогодба со тужителот надвор од судот, без да бидат поднесени обвиненија. Во новиот случај, Џексон треба да се појави на суд на 16 јануари. И додека милиони обожаватели се уверени во невиноста на Мајкл, експертите од музичката индустрија тврдат дека неговата кариера можеби никогаш повеќе нема да се опорави. Истата недела кога против него беа поднесени обвиненијата, Мајкл Џексон го објави својот нов сингл "One More Chance", кој дебитираше на 95 место на Топ листата на најслушани 100 синглови на Билборд.

XS
SM
MD
LG