Се поголем број терористи од Ал Каида и нивни сојузници завршуваат во затвор како резултат на меѓународната соработка во борбата против тероризмот.
Турската полиција уапси лидер на ќелија одговорна за бомбашките напади дрз двете синагоги, врз британскиот конзулат и британската банка во Истанбул. Аднан Ерсоз во 1997 година наводно минал терористичка обука што ја организирала Ал Каида во Авганистан, а во 2001-ва се сретнал со Осама бин Ладен. Тој служел како врска меѓу раководството на Ал-Каида и терористичка ќелија во Турција. Тој е еден од преку 30-те осомничени кои турската полиција ги притвори заради вмешаност во минатомесечните напади.
Сириските власти уапсија уште најмалку шест курири на Ал Каида кои носеле преку 23 милиони долари. Претходно, Сирија на Турција и предаде дваесет и двајца осомничени за нападите во Истанбул.
Властитте во Сингапур соопштија дека уапсиле двајца членови на Ал Гураба, пакистански огранок на терористичката група Џама Исламија, која исто така е поврзана со Ал Каида. Осомничените, Мухамад Ариф бин Нахарудин и Мухамед Амин бин Мухамед, биле обучувани за ракување со оружје и експлозиви. Ариф бил во кампот Кашмири раководен од терористичката група Лашкар-е-Тајиба, а Амин се обучувал во камп на Ал Каида, тврди сингапурската влада.
Малезиските власти во притвор држат петмина осомничени за тероризам од Ал Гураба кои биле депортирани од Пакистан. И тие добиле обука од Ал-Каида и навадно се сретнале со Бин Ладен кон крајот на 2001-та година.
Претседателот Џорџ Буш вели дека терористите одговорни за бомбашките напади во Турција, Индонезија, Ирак, Саудиска Арабија, Израел, Индија и во други земји, претставуваат закана за секого.
„Тие се дел од глобалната кампања на терористичката мрежа - да се омаловажат и да се деморализираат сите кои им се спротиставуваат. Овие терористи целат на невини лица и убиваат илјадници. Доколку дојдат до оружјето по кое трагаат, тие ќе убијат милиони и нема да запрат на тоа“, рече г-динот Буш.
„Ќе се соочиме со овие закани со отворени очи“, рече претседателот Буш, „и ќе ги поразиме“.