Линкови за пристапност

Господинот Буш Божиќ го минува со своето семејство во претседателското одмаралиште Кемп Дејвид  - 2003-12-25


Претседателот и првата дама Лора Буш во одмаралиштето ќе останат до утре, по што ќе се упатат на нивниот ранч во Тексас, каде ќе ги минат Новогодишните празници.

Американскиот претседател, Божиќ го прослави во кругот на своите најблиски, на Кемп Дејвид беа и неговите две ќерки и родителите, поранешниот претседател Буш и неговата сопруга Барбара.

Пред да замине од Белата куќа, претседателот Буш имаше божиќна порака до нацијата, во која ги повика сите Америнци да вложат напори и да им пружат помош на оние на кои им е потребна. Тој од американскиот народ побара и да се моли за војниците во американската армија од кои многумина празниците ги минуваат далеку од своите домови.

Белата куќа соопшти дека годинава нема да се емитува божиќната порака на претседателот, туку за значењето на овие празници тој ќе говори в сабота, за време на своето редовно неделно радио-обраќање.

XS
SM
MD
LG