Група меѓународни нукларни експерти, предводена од САД, успешно евакуираше 17 килограми високо збогатен ураниум од неактивен нуклеарен реактор во Бугарија. Ова е најнова во серијата операции во кои американските и руските власти имаат за цел да спречат нуклеарниот материјал да дојде во раце на терориститие.
Претставници на американскиот Стејт департмент и Одделот за енергетика велат дека збогатениот ураниум кој во бугарскиот реактор се наоѓал повеќе од една деценија, вчера тајно и со засилено обезбедување бил отстранет од комплексот и со авион пренесен во јужна Русија каде ќе се преработи и ќе се користи како гориво за реактори.
Ова е трета операција од ваков вид од минатиот август – наваму, а спаѓа во трипартитната прогрма во која се вклучени САД, Русија, и Меѓународната агенција за атомска енергија. Финансирана од САД, со оваа програма во Русија се враќа високо збогатениот ураниум што во источна Европа бил испратен од страна на поранешниот Советски Сојуз.
Повеќето од реакторите сега се затворени и во лоша состојба, така што постои можност нуклеарното гориво складирано во небезбедни услови да биде украдено од терористите. Во претходните мисии беше опфатен ураниумот од реакторите во Романија и Југославија.
Американскиот секретар за енергетикка Спенсер Абрахам ја поздрави вчерашната акција, велејќи дека администрацијата на претседателот Буш презела раководна улога во напорите за неширење на нукларното оружје, со цел да се зголеми безбедноста во светот.