Линкови за пристапност

Можни нови напади во Турција - 2003-12-24


Турската полиција ги предупреди амбасадите на западните земји и компаниите да бидат внимателни поради можност од терористички напади за време на Божиќните празници. Во документот доставен до западните амбасади и компании до кој дошле некои турски и западни медиуми, турската полиција упатува предупредување дека група терористи неодамна влегла во земјата од неименувана соседна држава.

Во него се вели дека групата се подготвува за напади од големи размери врз западни цели. Полицијата вели дека планот е тоа да биде трет бран напади, по неодамнешните два самоубиствени бомбашки акции против западни и еврејски цели во Истанбул.

Безбедносните мерки околу потенцијалните терористички цели, како што се најголемите аеродроми, владините објекти и амбасадите се зајакнати по минатомесечните напади. Турската полиција и официјални претставници на западните земји со сигурност велат дека нападите со автомобил и камион-бомби врз двете синагоги, Британскиот конзулат и една британска банка во Истанбиул биле испланирани од терористичката мрежа Ал Каида.

Турската полиција продолжува со истрагата за овие четири напади, за кои кажа дека ги извеле турски државјани од доминантно курдскиот југоисточен регион.

Неколку клучни личности вмешани во нападите кои беа уапсени минатиот месец, кажале дека наредбите за напади врз западни цели во Турција ги добиле од лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен за време на нивните патувања во Авганистан.

Постапувајќи по информациите на овие притворени лица, истанбулската полиција уапсила уште еден осомничен, Мехмет Кус, при што во неговиот дом пронашла 12 торби со хемиско ѓубриво. Полицијата вели дека тоа е истата хемикалија што била користена во експлозиите во ноември, во кои загинаа над 60 лица.

XS
SM
MD
LG