Линкови за пристапност

Северна Кореја ја ограничува верската слобода - 2003-12-24


Во комунистичка Северна Кореја не постои вистинска верска слобода. Американскиот амбасадор одговорен за меѓународна верска слобода, Џон Ханфорд, вели дека е тешко да се дознае комплетниот степен на севернокорејската репресија, бидејќи режимот е толку „безмилосно ефикасен“ во својата бруталнот.

„Имаме многу извештаи дека таму има проблеми, како погубување на членови на христијански цркви кои не се признаени од државата, мачење и притворање на други, фактот дека со верниците најбрутално се постапува во затворите. Има случаи кога некои лица успеале да избегаат и од нив ги добиваме овие извештаи. Досега сме добиле толку многу извештаи, така што сметаме дека е потребно да заземеме мошне остар став. Секако дека Северна Кореја е една од земјите за кои сме особено загрижени, тоа е една од натешките прекршители“, вели тој.

Во Северна Кореја не е дозволено постоење на верска активност независна од контролата на Владата. Постојат бројни веродостојни извештаи од оние кои пребегале дека членовите на црквите кои не се признаени од државата се апсени, мачени, притворани и убивани заради нивните верувања.

Севернокорејскиот диктатор, Ким Јонг Ил, се претставува како култна личност и тоа достига ниво на своевидна граѓанска религија. Непризнавањето на самонаречениот „драг лидер“ како врховно битие се третира како сериозно кримиминално дело.

Северна Кореја има едно од најлошите досиеја во светот во однос на непочитувањето на човековите права, вели претседателот Џорџ Буш:

„Нашата определба за демократија е доведена во прашање во земјите како Куба, Бурма, Северна Кореја и Зимбабве - места каде постои репресија. Луѓето во овие земји живеат во притвор, страв и немаат право на глас“, кажа тој.

Но притворот не може да трае долго. „Еден ден“, вели претседателот Буш, „од затворските кампови и ќелии, од егзил, ќе се појват лидерите на новите демократии“.

XS
SM
MD
LG