Линкови за пристапност

Нови безбедносни мерки за посетителите на САД - 2003-12-23


Аса Хачинсон, потсекретар во Одделот за домашна безбедност, и одговорен за границите и безбедноста на транспортот, ја претстави новата процедура што ќе се применува при влегување и излегување од земјата, позната по кратенката US-VISIT PROGRAM. Toj зборуваше во Националниот центар за странски новинари во Вашингтон.

“САД сакаат и натаму да бидат нација која ќе биде отворена за посетители. Сеедно дали се работи за странски студенти, бизнисмени или туристи, ние сакаме да бидеме дестинација што ќе продолжи да им посакува добредојде на тие меѓународни партнери“, кажа господинот Хатчинсон.

Програмата ќе стартува на 5 јануари 2004 и ќе опфати 115 меѓународни аеродроми во САД. Покрај стандардните информации што се добиваат од посетителот, со новата програма ќе се верификува идентитетот на посетителот и дали биле почитувани визните и имигранициони прописи. Сите тие податоци ќе станат дел од досието на патникот. Во првата фаза ќе биде вклучено и скенирање на отисоците на прстите и фотографирање на меѓународните посетители кои поседуваат виза. Господин Хачинсон објаснува:

“Се работи за скенирање на отисоците на прстите, а ќе се врши и фотографирање. За прв пат во историјата ќе бидеме во можност биометрички да го провериме идентитетот на патникот што има виза за влез во САД. Сето ова ќе биде извршувано на начин што нема да биде навредлив за патникот“.

Информацијата ќе биде проверена преку базата на податоци и доколку се е во рамки на регуларното, на патникот ќе му биде посакан убав престој во САД. Следниот пат кога истото лице ќе допатува во САД, за него веќе ќе постојат податоци, што ќе помогне во полесно процесиреање на оние кои често патуваат во САД. При излезот од земјата, на патникот едноставно ќе му биде скениран пасошот и визата и ќе биде повторен процесот на земање отисоци без мастило. Системот ќе се применува за сите иматели на визи од која и да е земја. Системот не важи за граѓаните од земји кои се изземени од визниот режим, но откако ќе стапи во сила, од нив ќе се бара да покажат биометрички пасош што може да биде проверен низ соодветна машина.

“Овој систем е дизајниран за наша заштита од терористи и тоа е единствената негова цел. Луѓето кои ќе бидат ставени на листата се таквите за кои, во меѓународна смисла, разузнавачките служби веруваат дека се поврзани со тероризам, вршска што пррави тие да претставуваат ризик“, кажа господинот Хатчинсон.

Американски официјални лица велат дека ќе сторат се за да се минимизираат непријатностите и се надеваат дека посетителите ќе ја разберат неопходноста на новиот систем на процесирање.

Истиот процес за влегувањето во земјата по копнен пат ќе биде воведено во фази во 2005 и 2006 година.

XS
SM
MD
LG