Линкови за пристапност

Намален интензитетот на потрагата по оружјето за масовно уништување во Ирак - 2003-12-22


Портпаролот на Пентагон не беше прецизен дали американскиот Оддел за одбрана е загрижен за можноста бунтовничките сили во Ирак да посегнат по скриените залихи на хемиско или биолошко оружје за напад врз трупите на САД.

Пенатагон сепак вели дека трупите и натаму треба да бидат подготвени за секаква ситуација иако тимовите кои трагаа по оружјето за масовно уништување не најдоа ништо. Ова оружје беше една од главните причини заради кои коалиционите сили извршија инвазија врз Ирак за да го соборат режимот на Садам Хусеин.

На почетокот на војната, американските војници често носеа заштитни маски и облека против евентуален нуклеарен или биолошки напад.

Пред да започнат воените операции, американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд укажа на јасна загриженост дека ирачкиот лидер Садам Хусеин можел да нареди напад со ова смртоносно оружје.

„Хусеин тврди дека не поседува хемиско или биолошко оружје, но ние знаеме дека го крие, го разместува секои 12 до 24 часа, и истото го поставува во населени области“, вели Рамсфелд.

Тој и натаму стои на ставот дека Ирак поседува оржје за масовно уништување и дека тоа на крај ќе биде пронајдено.

Меѓутоа, деновиве заканата од негова употреба изгледа мошне намалена. Претставниците на Пентагон одбиваат да дискутираат за тоа на кое ниво на подготвеност оперираат американските војници во случај на напад со биолошко, хемиско или нукларно оружје. Војниците повеќе не носат гас-маски, специјална облека или друга заштитна опрема и се верува дека нивото на подготвеност е нула или, со војнички речник, не се носи ништо, но опремата е лесно достапна ако е потребно.

Гласот на Америка дознава дека единиците кои во наредните недели ќе заминат од Ирак, со себе ќе го земат материјалот за деконтаминација. Војниците кои ќе ги заменат ќе добијат индивидуална заштитна опрема.

Влијателен извор од Одделот за одбрана за Гласот на Америка кажал дека некои трупи во Ирак пристигнале без гас-маски и заштитна облека. Истиот извор вели и дека во Ирак има несоодветна опрема за деконтаминација.

Во меѓувреме, официјални американски претставници велат дека Дејвид Кеј кој раковиди со тимот за потрага по оружјето за масовно уништување во Ирак, се наоѓа во Вашингтон и можно е да не се враќа во Ирак. Истиот извор, кој побара да остане анонимен, вели и дека господинот Кеј можно е наскоро сосема да ја напушти функцијата.

XS
SM
MD
LG