Линкови за пристапност

Врховниот суд ги поддржа клучните одредби од законот за реформа на изборните кампањи - 2003-12-22


Со пет гласа за и четири против, Врховниот суд неодамна ги поддржа клучните одредби на законот, за кој неговите поддржувачи велат дека ќе го намали влијанието на парите во американската политика.

Овој закон беше усвоен во Конгресот и претседателот Буш го потпиша во 2002. Тој претставува најтемелна промена на законите за финансирање на изборните кампањи по оние што стапија на сила по скандалот Вотергејт во 70-те години.

Врховниот суд ги поддржа двете главните одредби на законот за реформа на кампањите. Во него се вели дека владата треба да ги забрани таканаречените „меки пари“ или нерегулирани парични донации на полтичките партии од корпорации, синдикати и богати поединци. Овие видови на донации, кои се одделни од строго регулираните донации на специфични кандидати, на последните избори изнесуваа истотици милиони долари.

Врховниот суд исто така ги поддржа ограничувањата за типот на политичка реклама што канидатите и политичките партии можат да ја користат во последните фази на кампањата.

Поддржувачите на реформите беа воодушевени од пресудата. Фред Вертхајмер е претседател на „Демократија 21“, приватна група која долго се бори за заострување на законите за финансирање на кампањите.

„Ова е историска одлука. Ова е голема победа во битката за контрола на несоодвоетното влијание на парите во американската политика и за заштита на нашата демократија против корупцијата и појавата на корупција“, истакнува Вертхајмер.

Противниците на законот за финансирање на кампањите тврдат дека ограничувањето на финанинсирањето и рекламите во изборните кампањи претставуваат кршење на уставните гаранции за слобода на говорот. Тие тврдат дека граѓаните треба да можат да дадат пари колку што сакаат на кој било кандидат или политичка партија.

Џејмс Буп е во Центарот за слобода на говорот Џејмс Медисон. Тој вели дека одлуката на судот да го поддржи законот за финансирање на кампањите им дава голема предност на актуелните конгресмени во двете политички партии при собирањето пари за изборите.

„Тие го постигнаа сега тоа, со пет гласа „за“ и четири „против“ во Врховниот суд, со што го скршија срцето на првиот амандман“, вели господинот Буп.

Дури и некои од судиите на Врховниот суд кажаа дека ова можеби не е последниот збор за проблемот за реформите во финансирање на кампањите. Судијата Сандра Деј О’Конор помогна во пишувањето на ставот на мнозинството на судиите во највисокиот суд во државата за поддршка на законот. Но нејзиниот став содржи и предупредување дека, цитираме, „парите, како и водата секогаш ќе најдат дупка“ во политиката.

XS
SM
MD
LG