Линкови за пристапност

Нивото на заканата од тероризам е зголемено на портокалово - 2003-12-22


Нивото на заканата од тероризам е зголемено на портокалово, или еден степен над жолтото, кое е на средината на скалата од пет бои. Тоа значи дека Американците за време на празничната сезона ќе бидат на степен на будност што е за едно место подоле од највисокиот.

Образложувајќи го подигнатото ниво на предострожност, секретарот за домашна безбедност, Том Риџ рече дека во последно време се зголемил бројот на разузнавачки извештаи што говорат за терористичка опасност.

„Веродостојни извори сугерираат можност од напади на американска територија во време на празниците и потоа“, истакна Риџ.

Тој ги повика Американците да не креваат паника, туку да постапат здраворазумно.

„Продолжете со вашите празнични планови, сретнете се со родинините и пријателите и уживајте во празничната атмосфера“, рече Том Риџ.

Кодираниот по боја систем на предострожност од терористички напади беше воведен во март 2002-ра година. Ова е по петти пат нивото да биде подигнато на портокалово, што означува висок ризик. Нивото никогаш досега не било подигнато на највисокиот степен – црвено, што означува најголема и директна опасност од терористички напад.

XS
SM
MD
LG