Линкови за пристапност

Ли Бојд Малво прогласен за виновен за убиство од прв степе - 2003-12-19


Сведоците во судницата во Чесапик, Вирџинија велат дека Малво не покажал никакви емоции додека по дводневна расправа, поротата ја читала пресудата.

Малво е осуден за убиство од прв степен за смртта на Линда Френклин, аналитичир во Федералното Истражно Биро, Еф-Би-Ај, која беше убиена на 14-ти октомври, 2002-та на паркиралиште пред трговски центар. 18-годишниот Малво е прогласен за винове и за влијанието што снајперските напади го имаа врз заедницата.

Со тоа, Малво заедно со неговиот придружник Џон Мухамед, се осудени за нападите во кои покрај загинатите, имаше и тројца сериозно повредени. 42-годишниот Мухамед беше осуден од друга порота во Вирџинија и се препорачува да му биде изречена смртна казна.

Адвокатитие на Малво тврдеа дека Мухамед го завел својот придружник и дека тинејџерот не е одговорен за своите постапки. Обвинителите сепак инсистираа на тоа дека Малво бил целосно свесен за она што го прави и затоа треба да се соочи со сите последици од криминалните дела.

На Малво му беше судено како на возрасен иако кога ги изведувал нападите имал 17 години. Поротата сега мора да му изрече смртна или доживотна казна затвор без можност за помилување.

XS
SM
MD
LG