Линкови за пристапност

Пол Бремер вели дека пред две недели преживеал можен атентат - 2003-12-19


Амбасадорот Бремер на новинарите во јужниот ирачки град Басра им кажа дека новинските извештаи за обид за атентат на него биле вистинити, но дека го преживеал нападот и се чувствува добро.

Портпарол на коалицијата за Гласот на Америка изјави дека конвојот на господинот Бремер бил цел на напад пред две недели, на 6-ти декември. Тој не даде прецизни деталји, како на пример за тоа, како бил нападнат конвојот, но кажа дека автомобилот на господинот Бремер продолжил да се движи, а амбасадорот го напуштил местото на настанот.

Тој кажа дека не е сигурно дека тоа било обид за атентат. Американските армиски претставници велат дека во просек се случуваат 20 до 21 напад дневно на американските трупи и портпаролот кажа дека е можно оние кои го нападнале конвојот на господинот Бремер да не знаеле кој е во него.

Американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си прва извести за инцидентот, велејќи дека автомобилот на господинот Бремер бил нападнат со лесно огнено оружје и дека тоа се случило на патот што води до багдадскиот аеродром, каде што конвоите на армијата се рутински напаѓани.

XS
SM
MD
LG