Линкови за пристапност

Познати номинираните за Златен глобус - 2003-12-18


Драмата "Студена планина", се здоби со осум номинации, вкучувајќи по една за најдобра драма, најдобар актер Џад Ло и најдобра актерка Никол Кидман.

Романтичниот филм "Изгубено во превод" и мистеријата "Мистична река" добија по пет номинации, а една помалку, комедијата "Голема риба" и "Господарот на прстените: Враќање на Кралот".

Во категоријата најдобар актер во драма за Златниот глобус ќе се натпреваруваат Расел Кроу кој игра во "Господар и командант: Далечната страна на светот."

Во конкуренција е и Том Круз со улогата во филмот "ПоследниотСсамурај”, каде игра Американец во Јапонија од 19-от век. За најдобра актерка меѓу номинираните се и Скарлет Јохансон за "Девојчето со бисерна обетка," Ума Турман за акциониот филм "Kill Bill Прв дел" и Кејт Бланшет за "Veronica Guerin".

Манифестацијата Златен глобус го означува почетокот на сезоната на награди во Холивуд, која кулминира со доделувањето на Оскарот. Златниот Глобус го доделува холивудската Асоцијација на странски печат, а претседателот Лоренцо Сориа вели дека токму тоа ја прави оваа организација посебна.

„Ние сме група новинари кои доаѓаат од странство и тоа веројатно ни дава нешто поинаква перспектива во споредба со другите манифестации каде се доделуваат награди. Постоиме 61 година и претпоставувам дека тоа би значело дека добро работиме и дека луѓето тоа го почитуваат“, вели господинот Сориа .

Добитниците на Златниот глобус ќе ги прогласат на 25-ти јануари во Лос Анѓелес.

XS
SM
MD
LG