Линкови за пристапност

Раководителот на американскиот тим за потрага по оружје за масовно уништување во Ирак можно е да ја напушти функцијата - 2003-12-18


Американски претставници потврдија дека поранешниот инспектор на ОН за оружје Дејвид Кеј за празниците се вратил во Вашингтон. Тие велат дека тој се среќава со надлежните во разузнавањето со кои разговара за следните чекори во потрагата по ирачкото оружје за масовно уништување.

Претставниците кои побараа да останат анонимни, за Гласот на Америка изјавија дека се уште не е јасно дали г-динот Кеј ќе се врати во Ирак, сугерирајќи дека е можно тој наскоро да ја напушти позицијата.

Но овие и други претставници инсистираа на тоа дека има уште многу да се стори. Тие велат дека потрагата по ирачкото хемиско и биолошко оружје продолжува.

Поседувањето на вакво оружје од страна на Ирак беше една од главните причини кои администрацијата на Буш ги посочуваше за започнување војна.

Но тимовите за потрага под американско раководство од Групата за истрага во Ирак составена од 1.400 членови, досега не пронајде јасен доказ за постоење на хемиско и биолошко оружје. Тоа поттикна извесни критичари на војната да ја обвинат Белата куќа за мамење на американската јавност и светот.

Уапсените високи претставници на соборениот режим на Садам Хусеин исто така негираат оти Ирак поседува активна програма за неконвенционално оружје.

Во меѓувреме, се појавија сугестии дека потрагата по оружје за масовно уништување сега се потиснува во полза на тековните напори за сузбивање на движењето на бунтовниците кои го поддржуваат Садам, кои ги напаѓаат американските и другите коалициони сили.

Претставник на одбраната ја цитира изјавата на секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд на затворениот состанок, дека заканата од тероризмот за коалицијата е дури поголема од ирачкото хемиско и биолошко оружје кое се уште не е пронајдено.

Официјалното лице го цитира г-динот Рамсфелд кој вели: „На нас не се пука од оружејто за масовно уништување“.

Американските претставници претходно потврдија дека дел од персоналот вклучен во потрагата бил повлечен и пренасочен кон помагање на воените контра-терористички активности. .

Но, тие ги отфрлаат сугестиите од Групата за истрага во Ирак дека песоналот бил толку намален, што веќе не можел да ја извршува примарната мисија за потрага по оружје.

XS
SM
MD
LG