Ирак
Најголемата политичка партија на муслиманите шиити вели дека лојалистите на Садам Хусеин убиле претставник на партијата.
Раководството на Врховниот совет за исламска револуција во Ирак денеска соопшти дека Мухамед Ал Хаким бил убиен вчера во близина на својот дом во Багдад. Ал Хаким бил роднина на сегашниот претседател на ирачкиот владеачки совет. Партиски претставници велат дека преку 70 припадници на партијата на муслиманите шиити се убиени по соборувањето на Садам Хусеин од власт. Во меѓувреме, портпаролто на американската армија денеска изјави дека синоќа во заседа во Багдад е убиен еден американски војник. Коалиционите сили во градот Самара велат дека уапсиле 86 осомничени вооружени бунтовници за време на дводневните напади.
Русија – Ирак
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Москва е партнер на борбата против тероризмот под американско водство, но дека и натаму верува оти инвазијата на Ирак била неправедна.
Г-динот Путин деенска кажа дека коалицијата под американско водство требало да чека на авторизација од Советот за безбедност на ОН пред да поведе војна. Тој сепак подвлече дека Русија и САД остануваат партнери во борбата против тероризмот и покрај разликите околу Ирак. Г-динот Путин денеска во Москва се очекува да се сретне со американскиот претставник Џејмс Бејкер на разговори з анамалување на огромниот ирачки долг спрема странство. Г-динот Бејкер ја привршува турнејата врз пет европски земји за да придобие поддршка за значително намалување на ирачкиот долг.
Северна Кореја – Нуклеарна програма
Северна Кореја вели дека никогаш нема да се откаже од својата нуклеарна програма се додека САД не се согласат на обезбедување економска помош и безбедносни гаранции.
Во денешниот уреднички коментар, весникот Родонг Синмун го повтори барањето на Пјонгјанг за обострани концесии со цел решавање на нуклеарниот спор. Весникот вели дека Северна Кореја ќе ја оддржи, како што ја нарекува нукларната сила за одвраќање, се додека се соочува со закана од американска страна. Новата рунда шестпартитни разговори за севернокорејското нуклерно прашање се очекуваше да започне оваа недела, но е одложена за наредната година. Кина притиска да се одреди датум за разговорите во јануари, но можно е тие да се оддржат и подоцна.
Авганистан - САД
Нажалникот на американскиот Здружен Генералштаб Ричард Маерс вели дека доколку лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен се уште е жив, американските трупи ќе го фатат исто како што тоа се случи со Садам Хусеин во Ирак.
Генералот Маерс ова го изјави за време на денешната посета на воздушната база Баграм во Авганистан. Тој рече дека е уверен оти американските сили ќе го фатат лидерот на Ал Каида кој се обвинува за терористичките напади во САД во септември 2001 година. Генералот Маерс му оддаде признание на соседниот Пакистан за помошта во борбата против терористите на Ал Каида.
Иран – Нуклеарна програма
Иран го потпиша долгоочекуваниот договор со кој на нукларната агенција на ОН и се дозволува да изведува ненејавени инспекции на иранските нуклеарни објекти.
Иранскиот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија, Али Акбар Салехи денеска во Виена го потпиша договорот заедно со раководителот на Агенцијата, Мохамед Ел Барадеи. Г-динот ел Барадеи изјави дека протоколот е важен елемент во воспоставувањето доверба дека иранската нуклеарна програма е само за мирнодопски цели. Г-динот Салехи изрази надеж дека овој договор ќе биде доказ дека Иран нема да биде предмет на натамошни нечесни и политички мотивирани обвинувања. САД и други држави го обвинија Техеран дека се обидува да развие нуклеарно оружје. Иран вели дека неговата програма е само за производство на енергија.
Израел – Палестинци
Израелската армија вели дека нејзините трупи денеска убиле најмалку четворица вооружени Палестинци за време на упадот во градот Наблус на Западниот Брег.
Според армиски извори, војниците убиле едно лице кое било вооружено со бомба. Тројцата други Палестинци загинале во престрелка. Во меѓувреме, израелскиот премиер Ариел Шарон денеска се очекува да ги соопшти унилатералните чекори кои Израел би можел да ги преземе доколку мировните разговори со Палестинците и натаму се во застој. Г-динот Шарон најавува дека Израел можно е да повлече некои еврејски населби од Западниот Брег земајќи контрола врз друга територија на Западниот Брег. И Палестинците и САД ја критикуваа идејата за унилатерланите израелски чекори.
Весли Кларк - Хаг
Поранешниот командант на НАТО Весли Кларк сведочеше дека Слободан Милошевиќ знаел оти босанско-српскиот генерал Ратко Младиќ планирал масакр во Сребреници во 1995-та и го предупреидл да не го прави тоа.
Генералот Кларг сведочејќи во Хашкиот трибунал за воени злосторства кажа дека откако се случил масакрот, го прашал г-динот Милошевиќ како можел да дозволи такво нешто. Г-динот Кларк изјави и дека поранешниот југословенски претседател рекол оти тој вршел притисок врз Младиќ да го прави тоа, но како што кажал, Милошевиќ, босанско-српскиот генерал не сакал да послуша. Г-динот Милошевиќ кој на неговото судење се застапува себеси му поставувал прашања на г-динот Кларк, и потоа изјавил дека неговото сведочење е очигледна лага. Генералот Кларк сведочеше пред Трибуналот во понеделникот и вторникот.