Овде во градчето Кил Девил Хилс се наоѓаат рамни песочни плажи, а на една од дините се издигнува ѕиден столб. Тоа е споменикот во чест на браќата Рајт, а токму од таа дина Орвил и Вилбур Рајт извеле преку 1.000 летови со параглајдер, пред изведувањето на моторизираниот лет. На 17-ти декември 1903-та, под контрола на Орвил, леталото Рајт се вивна во воздухот. Таму остана 12 секунди и мина 37 метри. Истиод ден, авионот го направи својот најпознат лет, останувајќи во височините 59 секунди и поминувајќи 260 метри. Како што вели историчарот на Службата на Националните паркови, Дерил Колинс, крајниот успех на моторизираниот лет на браќата Рајт е заснован на нивната способност да го контролираат авионот, нешто што го научиле од години на експериментирање со параглајдери:
„Тие се обидувале да го решат проблемот со контролирање на летот од 1899 до 1902-та. Го решиле во 1902-та спуштајќи се со параглајдер од песочните дини и во речиси шест месечен период тоа го повториле илјадници пати.“
Браќата Врајт го избраа Кити Хок, мало рибарско место во областа Аутер Бенкс, бидејќи им одговарало со постојан ветер за полетување, мек песок за слетување и само неколку препреки.
Аманда Рајт Лејн е потомок на браќата Рајт. Таа вели дека нејзините правујковци биле мошне свесни за опасноста од нивните експерименти и дека други храбри иноватори загинале обидувајќи се да летаат:
„Но беа и доволно умни да увидат дека треба да бидат мошне внимателни. Татко им еднаш им напиша писмо во кое вели – Синови, бидете внимателни. Тој никогаш не велел – Вие сте будали, никогаш не велел – Не се обидувајте да го сторите ова. Во одговорот на писмото, Вилбур бели – Татко, ќе бидеме максимално внимателни. Сакаме да го направиме ова безбедно, зашто ако погрешиме нема да имаме друга шанса.“
Вилбур и Орвил Рајт ја имаа таа шанса и целосно ја искористија. За неговиот прв лет, Орвил Рајт подоцна напишал – прв пат во историјата, авион со пилот се вивна во воздухот и се движеше без да ја загуби брзината за конечно да се слушти на точка на иста височина како онаа при полетувањето.