Линкови за пристапност

Разговорите Бејкер - Берлускони без коментар - 2003-12-17


Разговорите меѓу италијанскиот премиер Силвио Берлускони и специјалниот пратеник на американскиот претседател траел околу еден час во владиното седиште во Рим. Потоа, ниту една од страните не даде коментар.

Италијанската десно-центристичка Влада предводена од г-динот Берлускони од самиот почеток ја поддржа војната против Ирак. Рим испрати трупи и хуманитарни работници по завршувањето на војната за да помогнат во обновата на земјата.

На почетокот на неделава, г-динот Бејкер ги посети Берлин и Париз каде се сретна со германските и француските лидери. И покрај нивната лутина во однос на американската одлука да не им се дозволи учество во договорите за обнова на Ирак на земјите кои се противеа на војната, г-динот Бејкер успеа да обезбеди поддршка за соработка од обете земји.

Во вторникот, Белата куќа издаде соопштение во кое се вели дека Франција, Германија и САД се согласиле оти на Ирак му е потребно значително намалување на долгот. Не беше посочено колкаво е тоа намалување, и се очекува тоа да биде тема на понатамошни дискусии меѓу овие страни.

Товарот од ирачкиот долг изнесува 120 милијарди долари, при што една третина од него е кон САД, Франција, Германија, Јапонија, Русија и другите членови на Парискиот клуб, неформалното здружение на 19 водечки земји кредитори во светот.

Американскиот пратеник исто така ќе патува во Москва и Лондон на разговори за прашањето до ирачкиот долг. Тој исто така се очекува да ја посети и Јапонија, земја која е најголем кредитор на Багдад, со 4,1 милијарда долари.

XS
SM
MD
LG