Линкови за пристапност

Осврт на најновата холивудска комедија „Залепен за тебе“ - 2003-12-16


Боб и Волтер Тенор се физички споени близнаци кои наместо да ризикуваат оперативен зафат од кој едниот може да умре, избираат да останат заедно. Тие всушност и немаат друг избор. Кога Валт, кој сака да стане актер и кого го игра Грег Кинер, решава да замине од Масачусетс и да оди во Холивуд, Боб, кого го игра Мет Дејмон одлуката ја прифаќа со резерва.

Мет Дејмон кој заедно со Бен Афлек беа добитници на Оскарот за најдобро сценарио за "GOODWILL HUNTING" и кој себеси се истакна во филмовите како "SAVING PRIVATE RYAN" and "THE TALENTED MR. RIPLEY," признава дека бил загрижен за својата кариера кога неговиот агент му ја понудил улогата во "STUCK ON YOU:"

Грег Кинер, кој го игра едниот од близнаците, вели дека за него работата со браќата Фарели било голема атракција.

Браќата Фарели не се физички поврзани како нивните главни јунаци во филмот, но Боби Фарели вели дека тој и брат му биле малку изненадени од коментарите оти ова е нивниот најавтобиографски филм.

„Откако го направивме филмот и нашите пријатели го видоа, ни рекоа дека е прекрасно што конечно сме направиле филм за нас и така почнавме да помислуваме дека има некои сличности. Многу сме блиски и се правиме заедно, но за филмот тоа беше непланирано. Не размислувавме во насока – Да го направиме ова бидејќи личи на нас“, вели тој.

Во "STUCK ON YOU" игра и поп ѕвездата Шер која е добитник и на наградата Оскар. Таа отпрвин не знаела дека треба се игра себеси.

„Работејќи на проектот, не знаев дека се глумев себеси. Во сценариото стоеше само „актерка“ и мојот агент беше доволно умен за да не ми каже дека сакаат јас да се играм себеси, така што нашата прва средба беше малку необична бидејќи тие зборуваа за една работа, а јас зборував за нешто сосема друго и ни требаше долго да сфатиме дека не зборуваме за исто“, истакнува Шер.

На крајот сепак Шер вели дека комичните елементи и суштината на тоа што е потребно за една врска да функционира, ја придобиле.

"STUCK ON YOU" е исполнет со познатите шеги на браќата Ферели и можеби е најдобриот пример за добродушноста на нивните комедии. Во екипата се вклучени бројни актери со физички или ментални недостатоци кои играат секојдневни карактери кои ги споделуваат шегите, но не се предмет на исмејување.

XS
SM
MD
LG