Линкови за пристапност

Фаќањето на Садам Хусеин - 2003-12-16


Садам Хусеин е уапсен и ирачкиот народ е ослободен, фактички и духовно. Ирачаните ослободени од репресивниот диктатор прославуваат. И со право. Како што вели Јехја Хасон, сопственик на продавници во Багдад, „Сега можеме да имаме нов почеток“.

Фаќањето на Садам Хусеин на 13 декември беше резултат на блиската координација на разузнавањето и воената акција. Тоа е одраз на определбата на САД, ирачките и коалиционите сили во Ирак. Благодарение на нив, пред Ирачаните е иднина, не на терор, туку на слобода.

Поранешниот ирачки диктатор дојде до крајот на патот, исто како и Баатистичките бунтовници, кои се главно одговорни за продолжителните насилства, и кои исто така ќе ја платат цената. Никогаш нема да се вратат корумпираната моќ и привилегии кои тие некогаш ги уживаа.

„За мнозинството ирачки граѓани, кои сакаат да живеат како слободни луѓе“, рече претседателот Џорџ В. Буш „овој настан нуди дополнителни гаранции дека келиите на тортура и тајната полиција засекогаш ги нема “.

„Сите Ирачани кои застанаа на страната на слободата ја избраа победничката страна. Во историјата на Ирак, мрачната и болна ера заврши. Деновите на надеж пристигнаа. Сите Ирачани сега можат да се здружат, да го отфрлат насилството и да го изградат новиот Ирак“, истакна американскиот претседател.

Обновата на Ирак и враќањето на неговиот суверенитет во рацете на ирачкиот народ продолжува. „Исто така и ризиците“, кажа претседателот Буш.

„Фаќањето на Садам Хусеин не значи и крај на насилствата во Ирак. Ние и натаму се соочуваме со терористи, кои попрво би убивале недолжни луѓе, отколку што би прифатиле слобода во срцето на Блискиот исток“, додаде тој.

Но сега има еден тиранин помалку. Како што кажа Аднан Пачачи, член на Ирачкиот владејачки совет „Ние ќе се справиме со Садам Хусеин. Тој беше неправеден владетел одгвоорен за смртта на илјадници луѓе“.

Садам Хусеин е изведен пред правдата. Нешто што тој му го ускратуваше на ирачкиот народ.

XS
SM
MD
LG