Линкови за пристапност

Денкташ: Народот во турскиот дел на Кипар не е подготвен за помирување по секоја цена - 2003-12-16


Турскиот кипарски лидер Рауф Денкташ вели дека резултатите на парламентарните избори во северниот дел на Кипар под турска контрола покажале оти народот не е подготвен да се согласи на помирување по секоја цена со грчките жители на островот.

Рауф Денкташ, кој ги водеше преговорите во името на трската заедница на поделениот медитерански остров три децении, вели дека четирите партии кои ги добиле гласовите во гласањето од неделата имаат два месеци да формираат влада. Доколку не успеат, тој вели дека ќе биде принуден да свика нови избори.

Отцепената република на северен Кипар е призната единствено од Турција, и воспоставување тамошна влада нема да биле лесно.

Поддржувачите и противниците на планот за обединување на Кипар се чини дека се подеднакво силни и исходот од изборите се чини дека ги разнесе надежите за брзо решавање на долгорочното несогласување меѓу кипарските Грци и Турци.

Со сите пребројани гласови, коалицијата од две партии која е за обединување доби мало мнозинство. Коалицијата го поддржува планот спонзориран од ОН на кој пак се спротивставува господинот Денкташ.

Заради начинот на кој се поделени општините , двете страни се очекуваше да бидат подеднакво поделени , и да добијат по 50 места во собранието.

Мехмет Али Талат, лидерот на главната опозициона Републиканска народна партија која ја порази владеачката партија на Национално Единство за прв пат, вети дека нема да влезе во коалиција со кој било десничарски противник, со што натамошно се комплицира формирањето на нова влада.

Кипар е поделен од инвазијата на турските трупи во 1974 година, што дојде како одговор на краткотрајниот пуч што го изведоа националистички кипарски Грци поддржани од Атина.

Мировниот план предложен од ОН е дизајниран со цел да им овозможи на двата дела на Кипар да се приклучат на ЕУ со создавање на лабава федерална држава која на секоја етничка заедница и дава широки овластувања.

ЕУ кажа дека ќе дозволи приклучување на грчкиот дел на пролет без оглед дали мировниот договор ќе биде финализиран.

Господинот Денкташ и неговите истомисленици сметаат дека планот е подготвување на патот за грчка хегемонија на островот.

Некои аналитичари сметаат дека Турција, чие влегување во Унијата зависи од брзото решавање на кипарското прашање, ќе изврши притисок за создавање влада на национално единство.

XS
SM
MD
LG