Линкови за пристапност

Реакции во Азија  - 2003-12-15


Во Индонезија, каде што живее најголемата муслиманска популација во светот реакциите се смирени. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Марти Наталегава вели дека апсењето на поранешниот ирачки претседател не го променил односот на Индонезија кон ситуацијата во Ирак. Индонезиските лидери силно се противат на инвазијата на Ирак под американско раководство.

Индонезиските лидери исто така изјавија дека се надеваат оти фаќањето на Садам Хусеин ќе помогне за воспоставување мир во Ирак и за враќање на контролата врз земјата во рацете на нејзините граѓани.

И реакциите од Пакистан доаѓаат од пониските нивоа. Портпаролот на Одделот за надворешни работи Масуд Кан, апсењето го нарече важен развој на ситуацијата.

Јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми денеска изрази надеж дека фаќањето на Садам Хусеин ќе донесе напредок во Ирак.

Тој вели дека тоа ќе биде позитивен чекор доколку овозможи голем напредок кон стабилност и обнова на Ирак.

Кабинетот на премиерот Коизуми одобри контроверзен план за испраќање трупи во Ирак. Тој изјави дека ќе продолжи со проценката на безбедносната ситуација во Ирак пред војниците да бидат распоредени таму.

Австралискиот премиер Џон Хауард на вестите од Ирак регаираше радосно. Тој вели дека ирачкиот народ сега може да здивне бидејќи поранешниот диктатор веќе не е на слобода.

“Најмногу сум задоволен поради ирачкиот народ бидејќи фаќањето на Садам Хусеин ја отстранува загриженоста што го демнеше дека тој би можел да се врати“, кажа госпопдинот Хауард.

Сепак, г-динот Хауард вели дека апсењето на Садам Хусеин веројатно нема да ги запре нападите врз коалиционите сили во Ирак и врз Ирачаните кои им помагаат на трупите. Канбера е цврст сојузник на САД и австралиските трупи учествуваа во војната за соборување на Садам Хусеин.

Кина, која се противеше на кампањата предводена од САД за соборување на ирачкиот претседател, објави официјална изјава во која се изразува надеж дека Ирак сега ќе биде способен да се движи напред без заканата оти Садам Хусеин ќе се врати.

Берзите во Азија на веста реагираа позитивно.

XS
SM
MD
LG