Линкови за пристапност

Се шири опасен вид на грип - 2003-12-11


Сезоната на грип во Тексас започна во септември и брзо се прошири во другите западни федерални држави. Детската болница во Хјустон во нормални услови има околу 10 пациенти заболени од грип неделно во текот на есенските и зимските месеци. Годинава во октомври болницата пријави рекорден број од 129 случаи неделно. Оттогаш бројот на случаите се намали, но продолжи ширењето на грипот во другите држави каде има зголемени појави.

Во Колорадо, се регистрирани над 6.000 случаи или двојно повеќе од нормално. Лори Малдонадо од Одделот за јавно здравство на Колорадо во Денвер, вели дека посебно силно се погодени децата.

“До денеска, имаме 9 смртни случаи и сите се деца на возраст од 14 месеци до 15 години. Минатата година ни беше пријавено дека починале две деца, што значи дека ова е многу повеќе одошто во минатото“, вели таа.

Г-ѓа Малдонадо вели дека здравствените претставници во државата апелирале до родителите на децата и лицата постари од 50 години да се вакцинираат. Таа вели дека грипот претставува закана за децата и постарите бидејќи тие имаат послаб имунитет на инфекции. Сепак се потешко е да се дојде до вакцина. Фармацевтските компании произвеле само 83 милиони единици годинава, во споредба со 95 милиони минатата година. Федералните претставници работат на лоцирањето на дополнителни количини на вакцини во Европа кои би можеле да се користа во САД. Во меѓувреме, здравствените работници се надеваат дека болеста ќе стивне.

Лори Малдонадо вели дека има знаци оти најлошото во Колорадо можеби поминало.

“Оваа недела, извештаите од лекарите кои работат во итна помош покажуваат оти бројот на случаите на грип е во опаѓање. Се уште не знаеме дали тоа значи постигнат е врвот, но оти има значително намалување на бројот на пријавените случаи“, вели госпоѓа Малдонадо.

Но грипот во неколку други држави од Вашингтон на северозапад до Масачусетс на исток, само што започнал. Досега најмалку 13 држави прогласиле зголемени појави.

Лекарите велат дека ова се уште не достигнало епидемиски размери, иако бројот на случаите е поголем од нормално. Она што нив ги загрижува на секој почето на сезоната на грип, сепак е можноста за брзо ширење на грипот низ целиот свет, што би се претворило во пандемија. Во 1918 и 1919 година, од грип починале од 20 до 50 милиони луѓе ширум светот, а само 500.000 во САД.

Околу една третина од свесткста популација заболува, додека болеста не биде ставена под контрола. Дури и по појавата на современите програми за вакцинирање, грипот и натаму е смртоносен. Во доцните 60-ти години, појавите на грип во Азија се прошириле низ светот, од што починале над еден милион луѓе, а здравствените трошоци изнесувале 32 милијарди долари и имало загуби од намалената продуктивност.

XS
SM
MD
LG