Линкови за пристапност

Конференција за борба против корупцијата - 2003-12-11


Американскиот главен правобранител, Џон Ешкрофт и мексиканскиот претседател Винсенте Фокс беа меѓу првите кои го потпишаа договорот за запирање на корупцијата и проневерата во сиромашните и богатите земји.

Г-динот Ешкрофт истакна дека корупцијата е данок за сиромашните и таа краде од нив, за да ги збогати веќе богатите. Тој подвлече дека корупцијата мора да престане.

Со договорот се бара банките да бидат ставени под поголема контрола, така што на сиромашните земји ќе им се дозволи да повлечат милијарди од украдените долари. Овие земји обично мора да чекаат со години пред да бидат вратени проневерените фондови, ако и некогаш се вратени во целост.

Потписниците на договорот се заложуваат да се борат против проневерата во деловниот сектор и да ги казнуваат домашните компании кои во други земји даваат поткуп.

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, договорот го нарече голема промена.

Во својата писмена изјава, тој рече дека договорот ќе помогне во справувањето со овој итен проблем за многу земји во развој, каде корумпираната елита украла милијарди долари што итно им се потребни на новите влади за да ги надминат економските и социјалните проблеми во нивните земји.

Се проценува дека милијарди долари се изгубени во корупцијата во сиромашните земји, што опустошува училишта, болници, како и земјоделието и индустриите. Меѓународните агенции велат дека на корупцијата одзема околу пет проценти од светското производство.

Конференцијата на ОН за борба против корупцијата завршува денеска (заврши вчера), но договорот нема да стапи на сила се додека не биде ратификуван од владите од најмалку 30 земји-потписнички.

XS
SM
MD
LG