Линкови за пристапност

Меѓународната агенција за атомска енергија го осуди Иран - 2003-12-10


Со резолуцијата од 26-ти ноември, Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија го осуди 18-годишното иранско прикривање на своите нукларни активности. Во иранските програми се работи и на истражувања за збогатување на ураниум и за репроцесирање на плутониум – технологии што можат да произведат материјал потребен за производство на нуклеарно оружје.

Резолуцијата ја рефлектира светската голема загриженост за иранското поранешно непочитување на обврските од Договорот за неширење на нукларното оружје. Резолуцијата е и приказ на определбата за заштита и зајакнување на тој договор.

Американскиот државен секретар Колин Пауел вели дека резолуцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија испраќа порака - дека понатаму нема да се толерира иранското одбивање да изложи поединости за своите нуклеарни програми.

„Во резолуцијата има еден параграф кој мошне јасно посочува дека доколку Иран не ги исполни своите обврски и другите спогодби во кој учествува, прашањето итно ќе биде упатено на Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија, за да преземе акција согласно различните статути. Тоа е важен елемент, елемент што сакавме да го видиме во резолуцијата“, рече тој.

Иран сега тврди дека одговорил на барањата на Меѓународната агенција за атомска енергија за целосно обелоденување на своите нуклеарни програми. Но, Иран ветувал ваква соработка и порано. Иран го избегнува и прашањето колку долго ќе ги суспендира активностите за збогатување на ураниумот, и покрај фактот што има огромни резерви нафта и природен гас и нема потреба да поседува нуклеарна сила за да ги задоволи своите енергетски потреби.

Иран е најактивната земја-спонзор на тероризмот и оваа земја која поседува нуклеарно оружје, би можела да претставува закана, ризик што остатокот од светот не може да си го дозволи. Затоа е важно другите земји да останат обединети по ова прашање. Како што кажа претседателот Џорџ В. Буш, „За светот е мошне важно, на Иран да му стави јасно на знаење дека ќе биде глобално осуден доколку продолжи со програмата за нуклеарно оружје“.

XS
SM
MD
LG