Новата студија на ОН покажува дека популацијата на земјината топка во наредните 300 години, ќе се зголеми од три милијарди на околу девет милијарди жители. Бројките се значително помали од претходните проценки, главно поради предвиденото намалување на наталитетот во земјите во развој.
Соопштувајќи ги резултатите на новата студија, раководителот на Одделот за популација при ОН, Џозеф Чеми предупреди дека никој не може да ја предвиди иднината. Дури и малите промени во наталитетот, морталитетот и миграцијата можат да имаат огромен ефект на големината на популацијата.
Г-динот Шами и неговите помошници работеле на три различни модели, високо, ниско и средно сценарио.
Според високата варијанта, населението би пораснало за 36 милијарди, додека во ниската варијанта порастот изнесуваше од околу две милијарди жители, под услов да дојде до намалување на наталитетот. Г-динот Шами сепак вели дека најголеми шански има средното сценарио на бавен, стабилен пораст на населението.
„Овие проценки се помали од порано и тоа е добрата страна на веста. Според нашето средно сценарио и доколку се претпостави дека секое семејство би имало по две деца, а гледаме дека ова е се повеќе случај, до 24-от век, 2300-та година, светското население ќе брои помалку од 10 милијарди жители“, вели тој.
Г-динот Шами вели дека меѓу најинтересните новитети е фактот што европската популација брзо се намалува. Пред 50 години Европа сочинуваше 25 проценти од светското население. Денес оваа бројка е преполовена. Европските лидери се загрижени поради тоа што бројките покажуваат дека намалувањето на населението најверојатно ќе продолжи и во иднина.
„Во повеќето индустријализирани земји, наталитетот е на мошне ниско ниво. Некои земеји како Јапонија, Италија, Руската федерација, Германија, Франција и Шпанија изразија загриженост за овие ниски нивоа, и за тоа што значат овие нивоа за намалувањето и стареењето на популацијата“, додава тој.
Г-динот Шами предвидува дека Кина, каде наталитетот се намалил од шест деца по семејство, на две во една генерација, ќе бидат присилена да ја напуштат политиката на едно дете во семејство или во спротивно брзо ќе се соочи со намалување на населението.
Од друга страна, во земјите како Нигер, Јемен и Пакистан има огромен пораст. Повеќето од овие земји со брз пораст на населението се исламски и некои почнуваат да се прашуваат дали можно е да дојде до експлозија на муслиманската популација. Но, г-динот Шами изрази увереност дека природните закони на економски напредок ќе делуваат како контролни.
Г-динот Шами вели дека студијата открила и неколку други интересни предвидувања. Денес на пример, просечната годишна возраст во светот е 26 години. 300 години од сега оваа бројка ќе се зголеми речеси двојно и ќе изнесува 48.
Населението на САД кое во 1900 година изнесуваше 76 милиони, а денес е речиси 300 милиони, ќе се промени до одредено ниво. Според предвидувањето на г-динот Шами, американската популација во 2300-та година ќе брои околу 520 милиони жители.