Линкови за пристапност

Ал Гор го поддржа Хауард Дин за претседателски кандидат - 2003-12-09


Во обраќањето пред партиските членови во Њујорк, Ал Гор кажа дека Хауард Дин е најдобрата шанса на партијата да го порази Џорџ Буш на претседателските избори идната година.

“Хауард Дин е единствениот кандидат кој може да го предизвика во основа низ целата земја оној вид на страст и ентузијазам за демократија и промена и трансформација на Америка што ни е потребна во оваа земја“, кажа господинот Гор.

Со поддршката за Хауард Дин, господинот Гор, кој изгуби од претседателот Буш во трката за Белата куќа во 2000-та, го напушти својот партнер од тие избори, Џо Либерман, кој исто така се кандидира за претседател, но заостанува зад господинот Дин и неколку други кандидати, според анкетите.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека господинот Дин е фаворит на Демократската партија, со тоа што ги заживеа суштинските гласачи на партијата со неговата немилосрдна критика на војната во Ирак. Ал Гор ја пофали позицијата на господинот Дин во врска со војната, велејќи дека одлуката за инвазвија на Ирак била, цитираме, “катастрофална грешка“.

Од своја страна, Хауард Дин вети натаможна лојалност кон базата на неговата партија.

“Мислам дека е важно во оваа кампања да ги препознаеме луѓето кои се со нас цело време. И затоа свесно одлучивме да започнеме со жените, со афро-американската заедница, да почнеме со Латино заедницата, да почнеме со движењето на трговскиот синдикат. Ова не е кампања Хауард Дин да влезе во Белата куќа. Ова е кампања ние да влеземе во Белата куќа, сите ние“, изјави господинот Дин.

Од Њујорк, Ак Гор и Хауард Дин се упатија во Ајова каде што ќе ја продолжат кампањата, пет недели пред партиското гласање за претседателски кандидат, што ќе биде прв голем тест за кандидатите на Демократската партија.

XS
SM
MD
LG