Линкови за пристапност

Експлозија во Москва - 2003-12-09


Московската полиција вели дека експлозијата се должи на најмалку една жена-самоубиец, која случајните минувачи само неколку минути пред детонацијата ја слушанле се распрашува каде се наоѓа рускиот парламент.

Подоцна беше најдена и неексплодирана направа на тело на друга жена загината во експлозијата, откако полицијата го обезбеди местото и испрати робот за деактивирање на експлозив.

Рускиот претседател Владимир Путин нешто подоцна во говор во Кремљ го осуди тероризмот. Тој директно не го коментираше нападот, но кажа дека криминалците и терористите и натаму се обидуваат да го попречат рускиот економски и демократски развој.

Досега никој не презел одговорност за експлозијата, која е една од многуте што се случија во рускиот главен град изминатава година. Властите најчесто за ваквите насилства ги обвинуваат чеченските сепаратистички бунтовници.

Во неделата што измина во Русија се одржаа парламентарни избори и властите предупредуваа на можни обиди од терористите за нарушување на гласањето, кое резултираше со голема победа за политичките сојузници на претседателот Путин.

XS
SM
MD
LG