Меѓународните набљудувачи кои ги следеа изборите велат дека гласањето било слободно, но не и фер. Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан изјави дека администрацијата на Буш се согласува со овој став.
„ОБСЕ ги набљудуваше изборите и изрази загриженост во врска со чесноста на изборната кампања, посебно во однос не медиумите и владините извори. Ние ја делиме ваквата загриженост“, вели Меклилан.
Сепак, тој подвлече дека изборните резултати општо ги изразуваат ставовите искажани од гласачите во предизборните анкети. Портпаролот на Белата куќа рече дека новоизбраниот парламент сега треба да се посвети на продолжување на демократските реформи. Господинот Меклилан потенцираше дека овие реформи треба да вклучат зајакнување на демократските институции, како што се слободата на печатот и политичките партии.
Поддржувачите на претседателот Путин се очекува да доминираат во новиот парламент, сочинувајќи двотретинско мнозинство. Мандатот на функцијата претседател на господинот Путин истекува во март наредната година.