Ирак
Во силна експлозија на бомба во патнички воз во јужна Русија, во близина на Чеченија, загинале најмалку 40 лица, а повредени се над 100. Шефот на руската стајна служба, Николај Патрушев, кажа дека нападот го извршиле три жени и еден маж. Претставници на руското министерство за итни случаи велат дека експлозијата била со намера да се предизвикаат колку што може повеќе жртви. Возот патувал кон градот Минерални Води во регионот Ставропол. Оваа област граничи со Чеченската Република, каде сепаратистите со години водат герилска војна со руските сили. Лидерите на чеченските сепаратисти негираат секаква одговорност за нападот.
Ирак
Во експлозија на бомба во близина на една џамија во Багдад загинале четворица Ирачани и еден американски војник. Експлозијата се случи пред посетата на Ирак на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Бомбата со далечинско управување експлодирала додека американски воен конвој и мал автобус полн со ирачки патници минувал крај трговска област во близина на џамијата ал-Самарај. Во експлозијата биле ранети 15 Ирачани и двајца американски војници. Овој напад се случи додека околу 500 Ирачани протестираа во главниот град против насилството на бунтовниците и за изразување поддршка на коалицијата предводена од САД.
НАТО
НАТО го поздрави присуството на претставниците на Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора на министерската сесија на Програмата Парнерство за мир. Генералниот секретар на Алијансата Џорџ Робертсон во Брисел го истакна неодамнешниот напредок во овие две змеји, чии министри беа набљудувачи на состанокот. Високиот претставник на НАТО рече дека 19-те членки на Алијансата и 27-те земји партнери ги поттикнуваат Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора да продолжат со активностите во овој правец, за да можат следната година на самиот на НАТО во Истанбул да бидат примени во Партнерството за мир. Змејите членки на оваа програма политички и воено соработуваат со НАТО, но не ги уживаат безбедносните гаранции на Алијансата.
Мировен договор
Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска во Вашингтон се сретна со израелските и палестинските автори на неофицијалниот мировен план за Блискиот Исток. Израелската влада се противеше на оваа средба и вели дека планот е штетен за израелските интереси. Оваа иницијатива, позната како Женевски договор, повикува на палестинска држава на поголемиот дел од Западниот брег и Појасот Газа, како и на поделба на контролата врз Ерусалим. Во меѓувреме, вториот по ранг член на израелската влада, Ехуд Олмерт кажа дека официјалниот мировен процес е запрен и дека Израел можеби ќе мора да преземе еднострани потези. Тој рече дека тоа вклучува присоединување на делови од окупираните територии и повлекување од други области.
Рамсфелд во Грузија
Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд ја повика Русија да ги повлече своите трупи од Грузија. Господинот Рамсфелд денеска е во Грузија на разговори со привремените лидери на оваа земја. Вршителот на должноста грузиски претседател Нино Бурџанадзе изјави дека посетата на г-динот Рамсфелд е одраз на важноста што САД ја придаваат на настаните во Грузија. Г-динот Бурџанадзе истакна дека грузиското раководство смета дека соработката со Западот е приоритетно прашање. Се очекува г-динот Рамсфелд да има средба и со претседателскиот кандидат Михаил Сакашвили. Г-динот Рамсфелд е американски претставник од највисок ранг кој ја посетил поранешната советска република по минатомесечното соборување на претседателот Едуард Шеварнадзе.
Босна-воени злосторства
Трибуналот за воени злосторства во Хаг го осуди генералот на босанските Срби, Станислав Галиќ на 20 години затвор по обвинение дека ги тероризирал цивилите за време на опсадата на Сараево. Судот пресуди дека во текот на тригодишната опсада, што започнала во 1992 година, генералот Галиќ им наредил на своите трупи да пукаат во недолжни цивили на јавни места во градот. Тука е вклучен и инцидентот на пазарот во Сараево во 1994 година во кој беа убиени 64 лица. Адвокатите на одбраната тврдеа дека нема докази оти Галиќ им наредил на своите војници да пукаат во цивили. Во опасдата на Сараево што траеше 44 месеци се проценува дека се убиени 12 илјади цивили, меѓу кои 1.500 деца.