Претседателот Буш кажа дека побарал од господинот Бејкер да соработува со странските влади, меѓународните организации и со Ирачаните на реструктуирање и намалување на долгот на земјата од 120 милијарди долари.
Во пишаната изјава, господинот Буш вели дека иднината на ирачкиот народ не треба да биде под хипотека на огромен товар од долгот што бил искористен за богатење на поранешниот претседател Садам Хусеин. Тој вели дека долгот претставува опасност за долгорочната иднина на политички здрава и економски напредна држава.
Претседателот кажа дека ирачкиот долг мора да биде решен на начин што е фер и нема неправедно да биде товар за, како што ја нарекува, “државата што се мачи во овие моменти на надеж и ветувања“.
Американските сили извршија инвазија на Ирак и го соборија Садам Хусеин во почетокот на годинава. Администрацијата на Буш сега управува со земјата во соработка со ирачкиот Владејачки совет назначен од САД, за кој претставници од Белата куќа велат дека побарале од претседателот на именува специјален пратеник за долгот.
Господинот Бејкер директно ќе го известува претседателот од неговата неплатена функција. Тој е долгогодишен пријател на семејството Буш, кој му помогна на претседателот застапувајќи го во законските предизвици при броењето на гласовите на Флорида, со што господинот Буш ги доби неопходните гласови за победа на претседателските избори.