Линкови за пристапност

Турција застана против теророт - 2003-12-04


Властите во Турција уапсија голем број лица во врска со самоубиствените бомбашки напади на 15 и 20 ноември во Истанбул. Во овие два терористички акта вкупно загинаа околу 60 лица, а над 700 беа повредени. Истрагата на турските власти продолжува.

Заменик-државниот секретар Ричард Армитаџ рече дека „ е јасно, оти Ал Каида ги напаѓа цивилизираните држави кои ги ценат човечките животи и човековите права, а Турција во оваа смисла е водечка држава“. На многу начини, Турција претставува се што Ал Каида и другите терористи мразат и од што стравуваат. Турција има повеќепартиски и демократски тип на владеење. Терористите сакаат да воспостават диктаторство. Турција е доминантно муслиманска земја во која е загарантирана слободата на религиозното изразување на сите луѓе. Ал Када и нивните соработници сакаат со насилство да го наметнат нивното екстремистичко толкување на Исламот. Турција го почитува владеењето на законот. Претседателот Џорџ В. Буш кажа дека терористите се познати по своите дела.

„Ние го гледаме нивното непочитување, нивното крајно непочитување на недолжните животи. Тие ја мразат слободата. Тие ги мразат слободните држави. Тие посебно сакаат да ги заплашуваат и деморализираат слободните држави“, рече г-динот Буш.

И Турција исто така е позната по своите дела. Како членка на НАТО од 1952 година, Турција заедно со САД и други змеји членки на ОН се спротивстави на севернокорејската агресија врз Јужна Кореја во 50-тите години. Таа одлучно застана против терористичките групи како Курдската работничка партија или ПКК/ Кадек и на бројни начини придонесуваше во борбата против меѓународниот тероризам.

И најважно од се, турската Влада се обврза да продолжи со внатрешните реформи за зголемување на слободата на турските граѓани и за исполнување на критериумите за започнување разговори за членство во ЕУ. САД ги поддржува аспирациите на Турција за полноправно членство во ЕУ. Турција ги споделува демократските вредности на ЕУ и САД веруваат дека нејзиното зачленување во ЕУ е стратешки интерес за Унијата, Турција и за САД.

Во текот на многу години, на многу начини, Турција претставува модел за муслиманските држави. Со нејзиниот став против тероризмот, таа е модел за сите држави.

XS
SM
MD
LG