Линкови за пристапност

Меморијал: Руските федерални сили спроведуваат терор во Чеченија - 2003-12-04


Активистот за човекови права Олег Орлов од Меморијал вели дека невладините организации регистрирале 431 киднапирања во чеченија во последнава година.

Од таа цифра господинот Орлов вели дека Меморијал нашол дека 137 лица биле ослободени, понекогаш со плаќање откуп, но други 47 биле убиени.

Обраќајќи се на новинарите вчера во Москва, господинот Орлов вели дека вистинската цена е далеку повисока бидејќи меморијал има приод само до 25 до 30 отсто од територијата на Чеченија. Водечката руска група за човекови права, Меморијал, ја осуди, како што вели, климата на терор што ја спроведуваат руските федерални сили во Чеченија, и покрај од Русија спонзорираните претседателски избори што се одржаа порано годинава како прв чекор кон мирот.

Господинот Орлов вели дека Меморијал остро ја осудил таквата, како што ја нарекол, клима на терор.

Господинот Орлов реторички прашал, кој ги врши киднапирањата? Рекол дека одговорот е очигледен. Меморијал нашол дека руските федерални сили сеуште се ангажирани во такви активности. Но тој додава дека специјални сили под новоизбраниот и поддржан од Кремљ претседател Акхмед Кадиров исто така е дел од тие акции.

Господинот Орлов соопшти дека имало помалку големи безбедносни активности низ чеченските села и градови во 2003. Но тој го осуди натамошното исчезнување на цивили како политика на создавање страв меѓу веќе тероризирана популација.

Руските федерални сили се вратиле во чеченија втор пат во четири години, по пропаднатата кампања во доцните 1990ти што ја принуди Москва да се повлече.

Господинот Орлов вели дека има само еден начин да се запре кругот на насилство и угнетување, а тоа е политичка волја од претседателот Владимир Путин и неговата влада.

Господинот Орлов вели дека во ова време не гледа дека постои желба да се прекине хаосот. Напротив, вели тој, се гледа поддршка од државата за борба со недозволени средства.

Од друга страна претседателот Путин вели дека ситуацијата во Чеченија се враќа во нормала и ги охрабрува бегалците да се вратат дома.

XS
SM
MD
LG