Господинот Пауел на новинарите им изјави дека ниту една од 19-те членки на НАТО не се противи на идејата за поголема улога на алијансата во Ирак. Тој рече дека тука се вклучени и Франција и Германија, кои беа гласни во противењето на војната предводена од САД и се уште инсистираат на поголемо присуство на ОН во оваа земја. Но тој кажа дека поголемата улога за НАТО нема брзо да се уследи.
„Ниту една членка не зборуваше против и не зборуваше за причини тоа да не се стори. Вистинското прашање е дали во меѓувреме, дали веднаш, да се фокусираме на Авганистан и да размислуваме што би можеле да сториме во Ирак претстојните месеци или можеби идната година“, рече г-динот Пауел.
НАТО настојува да ги зајакне своите мировни сили во Авганистан и денеска соопшти дека започнал да ги пополнува недостатоците на опрема што е потребна на неговите трупи за проширување на операциите надвор од Кабул и во оддалечените краишта.
Господинот Пауел исто така потврди дека утре ќе се сретне со авторите на приватниот мировен план за Блискиот исток познат како Женевски договор и покрај загриженоста на Израел,