Линкови за пристапност

Посетата на претседателот Буш на Ирак - 2003-12-02


На 27 ноември претседателот Џорџ В. Буш ненадејно го псоети Ирак. Патувањето се случи на Денот на благодарноста, ден кога Американците искажуваат благодарност за својата слобода и за другите благослови.

Во Багдад, престедателот Буш имаше празнична вечера со трупите и им се заблагодари за нивната работа во служба на цивилизираниот свет и ирачкиот народ. „Со тоа што му помагата не ирачкиот народ да биде слободен“, рече тој, „вие помагате за промена на проблематичниот и насилен дел од светот“.

Г-динот Буш исто така јасно кажа дека коалицијата под американско раководство нема да биде заплашена од странските терористи и остатоците од соборениот режим на Садам Хусеин кои се обидуваат да ја присилат коалицијата да го напушти Ирак.

„Оние што ги напаѓаат нашите коалициони сили и убиваат недолжни Ирачани ја тестираат нашата волја. Тие се надеваат дека ќе избегаме. Ние не минавме стотици милји да дојдеме во Ирак, не плативме толкава цена во жртви залудно, туку да го поразиме безмилосниот диктатор и да ослободиме 25 милиони луѓе. Нема да се повлечеме пред една група гангстери и убијци“, рече г-динот Буш.

Претседателот Буш оваа порака директно му ја упати на народот во Ирак.

„Имате шанса да го искористите моментот и да ја обновите вашата прекрасна земја, врз база на човечко достоинство и слобода. Режимот на Садам Хусеин го нема засекогаш. САД и нашата коалиција ќе ви помогнат да изградите мирољубива земја така што вашите деца ќе можат да имаат светла иднина. Ќе ви помогнеме да ги пронајдете и да ги изнесете пред правдата сите оние кои со години ве тероризираа и се уште убиваат недолжни Ирачани. Ние ќе останеме се додека работата не биде завршена“.

„Убеден сум дека ќе успееме“, рече претседателот Буш, „бидејќи вие, ирачкиот народ, ќе му покажете на светот дека не само што сте храбри туку дека можете и самите да владеете, умно и праведно“.

XS
SM
MD
LG